ПАТУВАЊА

Марсеј | Од престолнина на дрогата до европска престолнина на културата | Видео

By kukuriku

July 14, 2019

Градот во јужниот дел на Франција никогаш не важел за значајна туристичка дестинација. Сепак Марсеј може да понуди многу, па вистинска штета е да не се посети.

Марсеј, втор француски град по големина (Лион е поголем ако се смета и околината) некогаш беше на лош глас. Холивуд ја има вината со оглед на тоа дека во филмот „Француска врска“ е прикажан како европска престолнина на трговијата со дрога. Со оглед на тоа во последните десет години почна да се открива другата страна на градот, па Марсеј почна да се доживува како атрактивно и посакувано место за одмор.

Заедно со фудбалски клуб Марсеј, кој игра на стадионот Велодром, со капацитет од 67 илјади гледачи, градот нуди и различни културни доживувања. На пример може да се разгледа дворецот Chateau d’lf, каде Александар Дима го смести неговиот јунак Едмонд Данте, во светот познат како гроф Монте Кристо. Исто така градот доживеа голем број трансформации од кои најважната е трансформацијата на пристанишниот дел, со оглед дека во 2013 година е прогласен за културна престолнина на Европа.

Туристите секако треба да го разгледаат и квартот Паниер, кој изобилува со музеи и бутици. Кога веќе сте таму би требало да се одите и до станбениот блок La Cite Radieus, чија изградба ја потпиша славниот Ле Корбузиер.

Што се однесува до храната, постојат многу убави места каде не смеете да ги пропуштите, бујабес, традиционалниот провански бродет, која потекнува токму од Марсеј. Еден од најдобрите ресторани е Чез Ида, со прекрасна атмосфера каде ќе се чувствувате како дома, а вредни се да ги посетите и АМ пар и Де Паоло.