За да се истражат големи области на Марс, ќе биде неопходно да се обезбеди доволно енергија од обновливи извори на таа планета.
И додека сончевата енергија е едно од решенијата, научниците од НАСА тврдат дека можеби нашле уште подобра алтернатива.
Научниците имаат идеја дека Марс може да обезбеди доволно енергија за сите потреби на идните мисии со екипаж на Црвената планета. Таа идеја (покрај соларните ќелии) се турбините на ветер.
Теоретски, турбините на ветер би можеле да генерираат доволно енергија за идните човечки истражувачи на Марс да истражуваат пошироки области. Сончевата енергија би можела да ги покрие потребите на човечки екипаж за истражување на Црвената планета во екваторијалниот регион, но за живот поблиску до половите на таа планета, потребни се алтернативни извори на енергија, а ветерот е еден од поверојатните.
Добитна комбинација
Во комбинација со сончевата енергија, добро поставените турбини на ветер би можеле да обезбедат доволно енергија за група од шест луѓе да живеат и работат на Марс во текот на целата година. Тоа е атрактивна алтернатива, во споредба со ризикот од радијација поврзан со употребата на нуклеарна енергија, истакнува Victoria Hartwick од Истражувачкиот центар Ames на НАСА.
„Навистина е возбудливо што со комбинирање на потенцијалот на ветерната енергија со други извори на енергија, отвораме големи делови од планетата за истражување и овие навистина научно интересни зони кои научната заедница можеби претходно ги дискредитирала поради енергетските барања“, посочува Hartwick.
Ветровите на Марс
Ветровите на Марс се околу 99 отсто помалку моќни од ветровите со иста брзина на Земјата поради тенката атмосфера на планетата.
Претходните студии за ветровите на Црвената планета кои датираат од 1970-тите се концентрирале само на зоните на слетување или на индивидуалните проценки на планинските сртови и не дале целосна слика за потенцијалот на ветерот во регионот, кој може многу да варира во текот на денот, сезоната и годината, објаснува Hartwick.
Заедно со нејзините колеги, таа адаптирала глобален климатски модел, првично дизајниран за Земјата, но и да работи за Марс. Тие користеле детални информации за Марс, како што се неговиот прецизен пејзаж, топлинската енергија, нивоата на прашина и сончевото зрачење во различни региони, преземени од мапите обезбедени од мисиите Mars Global Surveyor и Viking.
Нивниот модел симулирал различни брзини на ветер низ планетата во текот на денот и ноќта, за време на различни сезони, па дури и со години, бидејќи бурите на Марс варираат од година во година. Нивното истражување е објавено во научното списание Nature Astronomy.
За секоја единица од површината на Марс, истражувачите ја пресметале максималната моќност што може да се произведе со помош на 100% ефикасна ветерна турбина. Тие, исто така, го пресметале теоретскиот поврат на моќност од четири комерцијални турбини со различни големини кои моментално се користат на Земјата.
Изненадувачко откритие
Тие ги споредиле добиените податоци со проценетите енергетски потреби за мисија од шест луѓе на Марс во траење од 500 дена на таа планета, кои биле утврдени во претходните научни истражувања.
Hartwick и нејзиниот тим откриле дека енергијата на ветерот не само што може да ја надополни сончевата енергија, особено ноќе и за време на силни бури од прашина што ја блокираат сончевата светлина, туку на некои локации може целосно да ја замени.
Ова е еден од неверојатно изненадувачките резултати на нашата студија, бидејќи не е она што го очекувавме кога првпат го погледнавме, признава Hartwick.
Најветровите области
Енергијата на ветерот на Марс покажа најголем потенцијал долж кратерите и вулканските висорамнини. Ветровите што дуваат од ледените плочи за време на зимата на северната хемисфера се како морските ветришта на Земјата, објаснува Хартвик, додавајќи дека тие би можеле да обезбедат дел од енергијата потребна за истражување на вредни места.
Кога зборуваме за човечки мисии на Марс, сакаме стабилни извори на енергија, на најинтересните научни локации. Со енергијата на ветерот во комбинација со сончевата енергија, има некои навистина интересни делови на располагање, вели тој.
Проблемот со изградбата на турбини на ветер
Сега се поставува прашањето за практичноста на изградбата на турбините на ветер на Марс, а тоа е нешто што допрва треба да се истражува, вели Hartwick.
Лесните турбини со балон со мал волумен и употребата на марсовски материјали на самото место би можеле да бидат остварливи опции за да се избегне испраќање масивна опрема низ Сончевиот систем, додава тој.
Ова е главен пат на дополнителни истражувања што навистина го охрабруваме. Возбудени сме да видиме што ќе смисли инженерската заедница, вели на крајот научникот на НАСА.
Бонус видео