SHOWBIZ

Марија Шарапова се мажи за британски милионер

By kukuriku

December 19, 2020

Порано една од најдобрите тенисерки на светот и сигурно најубавата Марија Шарапова се мажи за британски милионер.

„Реков „да“ уште првиот ден кога те запознав. Тоа беше нашата мала тајна, зар не?“, пишува во објавата на Шарапова на „Инстаграм“, а честитките пристигаат од сите страни на светот.

Британски милионер Александер Гилкес (41) е роден во Лондон, потекнува од богато семејство и се дружи со британскиот џет-сет. Добар пријател е со принцовите Вилијам и Хари.

„Ти благодарам што ме усреќи и кажа да. Се радувам што целиот живот ќе те сакам и ќе учам од тебе“, напиша идниот младоженец на својот инстаграм-профил.

Марија и Александер се забавуваат од 2018 година.