Ако постои една работа со која мора да се одликува поттикнувачкото опкружување за децата, тоа е редот.
Во онаа мерка во која возрасна личност го одржува или не одржува тој ред, работата ќе биде успешна или неуспешна, зборувала Марија Монтесори.
Практични правила за наставниците
1. Внимателно грижете се опкружувањето да биде совршено чисто, уредно и организирано.
2. Разубавете го со бои, ако е потребно и со шиење.
3. Подучувајте како се употребуваат предметите: покажувајте практични вештини – со смирени, точни и грациозни движења за децата да можат да ги повторат.
4. Ставете го детето во поттикнувачко опкружување и потоа повлечете се.
5. Непрекинато набљудувајте ги децата за да не пропуштите да забележите дека на некое дете му треба помош.
6. Побрзајте кога ќе бидете повикани.
7. Слушајте ги децата и реагирајте на нивните обраќања.
8. Не прекинувајте ги во работењето.
9. Почитувајте ги децата и никогаш не ги корегирајте оние што грешат (учете учење, а не корегирање).
10. Почитувајте ги оние кои се одмораат и ги набљудуваат другите како работат, не вознемирувајте ги ниту принудувајте на работа.
11. Бидете неуморни во нудењето на работа на оние кои ја одбиваат и во подучувањето на оние кои се уште не научиле и кои и понатаму прават грешки.
12. Поттикнувајте ги со тивка будност, љубов, присуство и нежен глас.
13. Нека оние на кои им сте потребни го почувствуваат вашето присуство, а за оние на кои не им сте потребни, бидете незабележливи.
14. Бидете невидливи за оние кои со сопствен труд ја завршиле работата и кои пружаат инспирација.
Марија Монтесори секогаш ја истакнувала важноста на опкружувањето за децата во текот на периодот на „умот што апсорбира“. Таа оставила многу јасни правила за тоа како треба да изгледа работното опкружување и каква треба да биде улогата на возрасна личност која го води работењето.