Во музеите ширум светот, но и во многубројни приватни збирки на колекционери – фанатици, се чуваат едни од најневообичаените, најбизарните и најчудните реликвии.
На пример, нечии очи, нечиј здив или прст. Реликвиите можат да бидат и нешто сосема друго. Ако ова изгледа чудно, еве ја листата на најнеобичните реликвии, познати на јавноста.
Пенисот на Наполеон Бонапарта
Еден англиски патолог ја работел обдукцијата на телото на францускиот војсководец на островот Света Елена во 1821 година и во таа прилика го отсекол пенисот на Наполеон.
Од тогаш до денес, оваа бизарна реликвија била во рацете на еден италијански свештеник, во сопственост на лондонски продавач на книги и во приватната колекција на еден американски уролог, кој платил 2.900 во 1969 година.
Пенисот на Наполеон го чувал во куфер под својот кревет, се до смртта во 2007 година. Во јуни, овој предмет е продаден на аукција на колекционер од Аргентина.
Последниот здив на Томас Едисон
Продолжува на страна 2
Последниот здив на Томас Едисон
Во музејот „Хенри Форд“ во Мичиген, во мала стаклена епрувета се чува воздух за кој се тврди дека е последниот здив на Томас Едисон. Кога познатиот американски пронаоѓач починал во својата спална соба во Њу Џерси, во 1931 година, отворената епрувета била покрај неговиот кревет.
Наводно, во неа Едисон го испуштил последниот здив, а неговиот лекар, кој во тој миг бил покрај него, ја запечатил епруветата.
Средниот прст на Галиело
Продолжува на страна 3
Средниот прст на Галиело
Во јуни 2010 година, Италија беше сведок на едно необично спојување. Тогаш Музејот на историјата на науката од Фиренца на аукција ги купи палецот и средниот прст на познатиот астроном Галилео Галилеј.
Прстите, заедно со еден заб и дел од пршлените, биле исечени од дланката на Галилео, кога неговиот леш бил префрлен од еден во друг гроб во 1737 година. Реликвиите моментално се изложени во истиот музеј, покрај телескопот што го измислил Галилео.
Очите на Алберт Ајнштајн
Продолжува на страна 4
Очите на Алберт Ајнштајн
Поради обдукција, мозокот на Ајнштајн бил изваден, исто како и очите кои во 1955 година биле предадени на личниот офтамолог на Ајнштајн, Хенри Абрамс, коју ги чувал се до 2009 година, кога извршил самоубиство. Од тогаш се чуваат во сеф во Њујорк и наскоро треба да бидат понудени на аукција.