Македонија не е на списокот на земји за патување во ЕУ

211

Советот на Европската унија штотуку донесе одлука за земјите чии граѓани ќе можат да патуваат во земјите-членки на Европската унија од 1 јули.

Северна Македонија не е на тој список.На списокот се вклучени Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина условно. Одлуката ќе се ревидира на секои две недели.

Критериуми за утврдување на трети земји за кои треба да се укинат тековните ограничувања на патувањето вклучуваат специфични епидемиолошки состојби и мерки за заштита, вклучително физичко растојание, како и економски и социјални аспекти.