Македонија меѓу десетте земји со пораст на инфицирани од COVID-19 

252

Светската здравствена организација соопшти дека има најмалку 10 држави во европскиот регион кои се соочуваат со зголемено пренесување на коронавирусот.

Откако земјите ги олабавија рестрикциите, многу забележаа зголемување на нови случаи.

– Најмалку 30 земји или територии забележаа зголемување на бројот на нови кумулативни случаи во последните две недели. Во 10 од овие земји или територии, забрзаниот пренос доведе до многу значајно зголемување што, доколку се остави без надзор, ќе ги врати здравствените системи во Европа повторно на работ, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, пренесува Еуроњуз.

Многу од овие земји или територии се наоѓаат во Источна Европа или Централна Азија и се надгледувани од регионалните канцеларии на СЗО, а еве кои се тие држави и каква е ситуацијата во нив:

Шведска

Шведска честопати беше во вестите затоа што се бореше со короната различно од нејзините соседи во Скандинавија и многу други во Европа.

Не воведе строг карантин и стапката на смртност по глава на жител од „Ковид-19“ е една од највисоките во светот.

Земјата регистрираше повеќе од 1.000 нови случаи на ден во јуни, со податоци кои покажуваат постојан пораст на епидемиската крива што штотуку започна да се израмнува.

Главниот епидемиолог Андерс Тегнел рече дека зголемувањето на случаите е поврзано со повеќе тестирања. Тој додаде и дека бројот на сериозни случаи во интензивна нега и бројот на смртни случаи се намалува.

Шведска има 65.137 пациенти и 5.280 смртни случаи.

Продолжува на страна 2