Мајка својата ќерка ја облекува како важните жени од историјата | Фото

1264

“Овие жени претставуваат сила, храброст и интелект – сето она што го сакам за своите деца”

Една мајка им оддаде почит на познатите влијателни жени, така што својата мала ќерка ја облекла во моделите на важните жени, а фотографиите ги објавила на социјалните мрежи.

Jenelle Wexler, фризерка од Чикаго, и мајка на две деца, дошла на идеја кога за прв пат ја забележала сличноста во цртите на лицето помеѓу својата ќерка Liberty Jaine и познатата мексиканска сликарка Frida Khalo.

Откако ја направила првата фотографија на која била облечена како Фрида, добила инспирација за уште некои женски ликови.

“Фотографиите испаднале одлично и посакав на овој начин да им оддадам почит и на други важни жени. Овие жени претставуваат сила, храброст, физичка издржливост и интелект – сето она што би им посакала и на своите деца”, рече Jenelle.

Малечката Liberty мајка ѝ, меѓу другите, ја облекла и во Марија Кири, Коко Шанел, Мадона и Амелија Ерхарт. Но, тука не се работи само за облеката, туку за една целата композиција од фотографијата.

“Кога ќе одлучам кој следен лик ќе го сликам, правам мало истражување, со цел да ја прикажам личноста на најдобар можен начин. Самото снимање трае околу 20 минути и со околу 50 фотографии, а потоа ја избирам најдобрата.”

Liberty досега се фотографирала во 34 влијателни жени во светот. Та има и двегодишен брат River Holden, кој е, исто така, ѕвезда на фотографски дела на неговата мајка, но и главната помош во снимањата.