Луѓето веќе го користат за успешно лекување на други заболувања, но ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ!

249

Истражувачите кои го тестираат ивермектинот како можен лек за COVID – 19 забележале ветувачки резултати во лабораториските студии.

Но, истражувањето е во рана фаза и лекот допрва треба да се тестира на луѓето заболени со COVID-19. Не знаеме толку многу, вклучувајќи ја вистинската доза и начинот на испорака за инфицираните лица.

Значи, ако размислувате да купите нешто за секој случај, размислете повторно.

За што се користи ивермектинот во моментов?

Ивермектинот е антипаразитско средство кое се користи уште од 1980-тите за третман и превенција од болести поврзани со паразити кај луѓето, миленичињата и добитокот, а делува со парализа на ‘рбетниците.

Во Австралија главно се користи локално како крема и лосион за болви.

Исто така, се користи во форма на таблети за третман на инфекција на тркалезни црви и како втора линија за третман на шуга и интензивно црвенило на лицето.

Кои се несаканите ефекти и потенцијалните штети?

Кога се применува во препорачаната доза, ивермектинот генерално добро се поднесува. Некои од најчестите несакани ефекти вклучуваат дијареја, гадење, вртоглавица и поспаност.

Недостаток на енергија, болки во стомакот, запек, повраќање, тресење, осип и чешањето се поретки.

Како со ивермектинот се лекува COVID-19?

Неодамнешните лабораториски податоци на научниците од универзитетот Монах и од Институтот Доерти покажуваат дека лекот е во состојба да спречи репродукција на SARS-CoV-2, вирусот што го предизвикува COVID-19.

Исто така, се покажало дека ивермектинот го запира размножувањето на други вируси (како ХИВ, денга, грип и Зика), барем во лабораторија.
Истражувачите откриле дека ивермектинот има ефект врз SARS-CoV-2 по една изложеност на лекот. Репликацијата на вирусот запрена е во рок од 24 до 48 часа.

Сè уште не е јасно како точно делува, но се чини дека ги запира процесите кои овозможуваат протеинот да се движи во рамките на вирусот. Овие протеини нормално би го намалиле антивирусниот одговор на телото, овозмжувајќи му на вирусот да се размножува и да ја засилува инфекцијата.

Ова истражување на ивермектинот е спроведено во клеточна култура (клетки кои се одгледуваат во лабораторија) и е многу прелиминарно. Тоа овозможува некакво ветување, но не и доказ за ефикасен третман кај луѓето (барем не засега).

Потребни се ригорозни клинички испитувања кај луѓе кои биле изложени на инфекција COVID-19 или се изложени на нејзино дејство, а и да се провери дали е безбеден за употреба и во кои дози.

Лабораториските студии сугерираат дека ќе бидат потребни поголеми концентрации на лекот над стандардната доза за да имаат антивирусно дејство. Заради тоа следењето е многу важно, за да не биде загрозена безбедноста на луѓето.

Ако се утврди дека ивермектинот влијае на лица со COVID-19, тогаш треба понатаму да се смета како потенцијален лек.

Истражувачите треба да знаат: дали спречува инфекција од СОВИД-19, дали ја намалува сериозноста на придружната болест или го подобрува времето за закрепнување? На овие важни прашања треба да се одговори пред да стане лек за COVID-19.

Позитивната страна е дека намената на лековите како што е ивермектинот како потенцијален лек за COVID-19 е идеална, бидејќи може брзо да се премине на клинички испитувања, бидејќи веќе знаеме дека е безбедно да се примени на луѓето во тековно препорачаните дози.

Дали треба да го купите овој лек за секој случај?

Не. Премногу е рано да се знае дали ветувачките резултати од лабораториските тестови ќе се претворат во безбеден и ефикасен лек за пациенти со COVID -19. Истражувачите се многу јасни – ивермектинот не треба да се користи за лекување на COVID-19 сè додека не се заврши понатамошното тестирање.

Не треба да го чувате лекот за подоцнежна употреба, особено затоа што сè уште не го знаеме најдобриот начин за земање на ивермектинот, вклучувајќи ја и вистинската доза. А тоа би можело да доведе до несакан недостаток на лекови за луѓето на кои им е потребен за лекување на сериозни заболувања предизвикани од паразити.

Newsweek