Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени

431

„Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени. Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија“, смета докторот Вело Марковски во своето гостување во емисијата „Само вистина“.

За него, според моменталните бројки, но и претходнните околу 25 проценти од населението имало контакт со вирусот.

„Според моето мислење, но и мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени“, вели Маркоски.