ЗДРАВЈЕ

Луѓето склони кон замор имаат поголема потреба од масна храна

By kukuriku

September 23, 2019

Луѓето кои се склони кон замор, имаат поголема потреба од масна храна, тврдат истражувачи од лондонскиот Кралски колеџ и амстердамскиот универзитет Врије.

Студијата покажала дека луѓето кои не спијат доволно, внесуваат во просек по 385 калории повеќе од останатите.

Освен тоа, истражувањето покажало и дека оние со лесен сон консумираат и помалку протеини.

За ова испитување се користени податоци од 11 претходни студии, надополнети со соработката на 172 доброволци.