Љубовта кај многумина ќе затропа на врата многу подоцна отколку што се надеваат, а причини за тоа има многу. Додека некои љубовта ја занемаруваат поради кариерата или одбивање да се “смират”, некои други не биле толку среќни да пронајдат личност со која сакаат да го поминат животот и пред да се свртат – веќе стапнале во четириесеттите години.
На темата љубов по 40тата година разговаравме со Зоран Миливојевиќ, познат психотерапевт од областа на љубовта и љубовните односи.
По презентацијата на книгата “За лудориите на заљубувањето”, кога за tportal објаснил зошто остануваме во лоши врски и како да се избере вистинскиот партнер, познатиот психотерапевт д-р. Зоран Миливојевиќ ќе одржи, во театар Европа во Загреб, на 21 февруари второ предавање на тема “Осум архетипови на љубовта” во рамките на форумот “Љубов на психотерапија”.
По повод своето гостување во Хрватска експертот за љубовта и автор на успешни книги како “Формула на љубовта” и “Ајде да ја уловиме љубовта”, во интервју за tportal зборува за љубовта по 40-тата година, давајќи одговори на бројни прашања кои ги мачат мажите и жените кои се во потрага по љубов .
Многу жени заради кариерата ја запоставуваат љубовта, а кога конечно ќе посакаат да се смират, сфаќаат дека не е лесно да се најде човек кој целосно ги исполнува нивните желби и потреби. Во што е всушност проблемот, во ограничениот избор или во фактот дека по 40-тата година жените стануваат избирливи, знаејќи што точно бараат во партнерот?
Како што се менуваат луѓето, така и во различни животни периоди имаат различни критериуми за избор на партнер. Истата жена избира поинаку во своите дваесетти, триесетти и четириесетти години. Како по правило, она што на некои им е појасно што точно бараат, а претпоставуваме дека жените по 40-тата година далеку се пореални и позрели отколку оние во 20-тите години, и изборот би требало да биде полесен. Но, постои проблем на таканаречениот “матримонијалниот пазар”, бидејќи во тие години “понудата” на слободни мажи кои одговараат е далеку помала, а конкуренцијата е далеку поголема. Понекогаш, кога се сметало дека е соодветно мажот да биде до пет години постар, но, никако помлад, конкуренцијата била само внатрегенерациска, па затоа и помала. Денес, за слободен маж во 40-тите, покрај жените од неговата генерација, конкурираат и оние во 30-тите, па и оние кои се наоѓаат во втората половина на 20-тите години. Често, квалитетните мажи се одамна во бракови, така што остануваат само оние кои се разведени или останале вдовци, како и оние кои никогаш не се врзувале. Најдобро време да се влезе во сериозна врска се доцните дваесетти години, бидејќи тогаш повеќето слободни мажи, но за жал, многу жени сметаат дека е премногу рано да се омажат и имаат план да се омажат во почетокот на 30-тите години, а дотогаш малку да “проживеат” и одработат други важни работи во животот. Затоа и “доцнат” и доаѓаат кога понудата е значително намалена.
Продолжува на страна 2
Која е разликата во критериумите за избор на партнери кај жените во дваесеттите и триесеттите години и кај жените во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите години …? Дали се менуваат нивните очекувања со годините?
Очекувањата се менуваат, но се менува и нивното доживување за себе. Жените во дваесеттите години сѐ уште не се подготвени да се врзат и да стапат во брак, бидејќи со љубопитност се надеваат дека животот сѐ ќе им донесе. Мажите што ќе ги изберат треба да бидат убави, шармантни, смешни и фокусирани на забава. Околу триесетите жените ја повлекуваат линијата и се фокусираат на формирање на гнездото, така што во мажот бараат личност која ќе биде погодна за улогата на татко. Во 40-тите, жените често постигнуваат целосна емоционална зрелост, имаат кариера во која се чувствуваат компетентни, реализирани се како мајки, полни се со самодоверба, па преземаат иницијатива. Тогаш знаат што сакаат и честопати се незадоволни од нивниот претходен избор на партнер. Интересно е тоа дека токму 40-та година е онаа година во која жените во Велика Британија најмногу се разведуваат. Во овој период тие бараат маж кој ќе биде достоен партнер во различни аспекти на животот, иако тие имаат проблеми да најдат таков човек. Жените во 50-тите и подоцна често заклучуваат дека доволно им давале на сопругот и децата и дека дошло време да се посветат на себе и на постигнување на своите потенцијали и желби кои претходно ги занемарувале. На таа возраст, потребна е стабилна, мирна врска, полна со почитување, во која мора да им биде удобно.
Дали љубовта во зрелите години има поголема веројатност за успех од младешката љубов? Кои се придобивките од љубовта по четириесеттите години?
Младите луѓе избираат така што се заљубуваат, па откако ќе видат дека партнерот за кој се омажиле и не е толку идеален како што сметале дека треба да биде, следат кризи и нестабилности, па дури и раскинувања и разводи. Двајца зрели луѓе кои се запознале себеси, своите квалитети и недостатоци, ја развиле потребната толеранција кон другиот, и точно знаат што сакаат и што не сакаат, создаваат многу постабилни љубовни врски. Во овој период, жените се постабилни од мажите, бидејќи мажите почесто и подраматично се соочуваат со кризата во средните години. Зад кризата се крие стравот од староста, така што тие имаат тенденција да докажат дека не се стари, често со вонбрачна врска со многу помлада личност.
Продолжува на страна 3
Што по прашање на партнерските односи се менува по четириесеттите?
Не се менуваат односите сами по себе, туку се менуваат луѓето. Поголемиот дел на подобро, некои од нив на полошо, а некои се борат да останат исти како кога имале дваесет години. Кога станува збор за врската, важно е луѓето да се менуваат во иста насока, да продолжат да споделуваат ставови за она што е најважно во животот. Луѓето кои биле заедно до 30-годишна возраст имаат десетгодишно искуство, се познаваат, па знаат на што се. Иако некои луѓе баш тогаш одлучуваат дека врската не е доволно добра и се разделуваат, оние кои остануваат заедно не смеат заради други општествени улоги да заборават дека треба да се посветат едни на други во улога на жени и мажи. Тие заедно се соочуваат со животните предизвици и проблеми, и секој пат кога успешно го преминуваат спорот, нивниот однос се зајакнува.
Дали жените треба да се плашат од самечки живот по четириесеттите години?
Луѓето се општествени суштества, па не сакаат да бидат сами. Тоа значи дека на сите возрасти има мажи и жени кои бараат партнер. Постојат жени кои се сами и кои се задоволни, а во нивната историја постојат често трауматски бракови или токсични врски. Сепак, повеќето од нив по 40-тата година сами бараат и понатаму. Проблемот со зрелите и осамените жени, честопати се нивните критериуми, бидејќи често слушам од нив: “Барам маж, но имам многу високи критериуми”. Не е проблемот во високите критериуми, туку во нереалните. На пример, убава жена во првата половина на 40-годишна возраст, со две деца разведена по 15 години брак, бара партнер како да има повторно 25 години и јасно е дека не може да го најде. Саботажата се јавува поради оној дел на личноста кој го нарекуваме “внатрешно дете”, а кое го има секој човек, без разлика колку е стар, кое често ги задржува критериумите и перцепциите кои личноста ги направила во детството или младоста. Емоционалното созревање подразбира да лицето ги разгледа и своите рани претстави за љубовта и врските. Ако некое лице ги прилагоди своите критериуми на својата возраст, ако бара таква емоционална врска која може да ја најде, ако има активен општествен живот, верувам дека во наредната година или две ќе ја оствари таа врска.
Продолжува на страна 4
Што жените по 40-тата најчесто бараат кај мажот, а што мажите кај жената?
Секогаш бараат љубов. Но, бидејќи тие се промениле во своите 40-ти, емотивно созреале, така што сега бараат љубов од емоционално зрел маж. И не само емотивно, туку, исто така, и социјално зрел, некој кој постигнал нешто во животот, кој има самопочит и кој верува во своите способности, но и кој ги почитува другите и знае да покаже љубов. Кај мажите е слична ситуацијата, но на мажите изгледот на партнерот им е поважен отколку на жените. Накратко, зрелите луѓе кои во досегашниот живот научиле нешто, сфатиле кои се вистинските животни вредности, бараат личност која би можела да им биде партнер на заедничкото патување низ животот.
Дали мажите се помалку тешки од жените кога бараат партнер?
И мажите и жените можат да бидат многу тешки. Дури би рекол дека современата брачна криза е резултат на премногу барања. Често од љубовта очекуваме невозможно – да нѐ прават среќни до крајот од нашиот живот. Луѓето гледаат филмови, ги гледаат туѓите врски, ги следат социјалните мрежи на кои сите настојуваат гламурозно да се претстават, како некој кој успеал во животот, и мислат дека ќе бидат поразени, ако го немаат истиот живот кој го гледаат кај другите. А колку се поголеми барањата и очекувањата, толку е поголемо разочарувањето кога сфаќаат дека другата личност не може да ги исполни. Во пракса, имаме ситуации кога некој сака да се разведе затоа што е незадоволен од бракот, кој, гледано од страна, всушност е добар. Помладите генерации имаат повеќе очекувања од партнерите, но постарите генерации повеќе бараат, но очекувањата се помали. Постои разлика и во тоа кој што бара од партнерот. На младите мажи им е многу важен изгледот на жената, значи привлечност и хармонија во сексот, додека на жените им се поважни невидливите аспекти од карактерот, видот на врската и безбедноста што ја добиваат од партнерите. Ова се менува со години, бидејќи поголем број од зрелите мажи учат да ја гледаат не само личноста и нејзините карактеристики, туку каква врска можат да направат со тоа лице. Тоа е период во кој и жените и мажите ја ценат безбедноста и удобноста на врската.
Дали жените кои долго време водат самечки живот потешко се прилагодуваат на друго лице и одеднаш прават компромиси во врската на кои претходно не морале да се согласат?
Кога некој живее сам па влегува во емотивна врска, одосно во заеднички живот, секако многу повеќе нешта се менуваат и потребен е период на приспособување. Истото важи и за младите луѓе. Компромиси мора да се прават, бидејќи и двајцата партнери имаат некој свој концепт за заедничкиот живот, така што меѓу нив се јавуваат концептуални разлики. Тоа се ситуации во кои двете страни се обидуваат да “ја турнат” онаа другата страна во својот концепт, па се предизвикуваат конфликти. Ако луѓето се емоционално зрели, тие разбираат дека на некој начин мора да се прилагодат и да прават разлика помеѓу оние компромиси кои се прифатливи за нив, и оние на кои не се согласуваат. Затоа треба да се разговара за разликите и да се договориме околу нив. Тоа е некој вид на преговори во кои секоја страна мора да се откаже од нешто, и нешто што мора да го задржи. Ако успеат да го постигнат она што го нарекуваме “психолошки договор”, кој е прифатлив за двете страни, тогаш нивниот заеднички живот станува пријатен за двајцата. Проблемите се јавуваат кога луѓето не зборуваат и не преговараат, туку очекуваат нивниот партнер, ако ги сака, целосно да се прилагоди, и потоа се лутат и протестираат кога тоа не се случува. Тоа е себично и ја прави врската нестабилна.
Продолжува на страна 5
Што е со мажите и жените кои по долги години брак се развеле – треба ли да ги залеачат раните со нова љубов или да си остават време за себе?
Не е добро да се влегува во нови односи ако раните не се излечени. Разводите секогаш се „поголеми животни настани“ во негативна смисла, што значи дека лицето мора да помине преку емоционален процес, кој се состои од прифаќањето на новата ситуација и да се адаптираат на неа. Разводот секогаш значи губење на она што едно лице имало, што му било важно, така што влегува во процес на тагување со кое емотивно се разврзува од минатото. Од другата страна е иднината која е неизвесна, така што за неа се врзани само стравувањата. Со други зборови, лицето мора да го најде своето “ново јас” и мора да се ориентира и да избере насока во која ќе оди. Во спротивно, може да ја повтори грешката при изборот на партнер, па така новата врска може да заврши на ист начин како и претходната.
Дали мажите и жените на Балканот се помалку храбри за воспоставување нови врски и бракови во позрели години од западните земји?
Ми се чини дека разликата навистина постои и дека кај нас тоа навистина оди малку потешко. За тоа постојат две причини. Првата е дека луѓето кои останале сами во зрелите одини од животот, имаат чувство на инфериорност, како да не се доволно добри за да бидат со некој, и се срамат дека се сами, дека не успеале, дека се “емотивни губитници”. Затоа се попасивни и очекуваат новиот партнер да им се случи, наместо активно да го бараат. На Запад е сосема нормално некој во тие години да биде сам и да бара партнер. Втората причина е дека се полни со стравови дека ниту новата врска нема да им успее. Нашите луѓе се многу повеќе песимисти отколку луѓето во западните земји.
Дали е во ред да се биде со некој само за да не остариме сами, дури и ако не постои љубов или во тој случај, подобро е да се продолжи со барање љубов?
Секој избира она што му одговара. Ако некој е во врска поради страв дека во староста ќе биде сам, тогаш поради тој страв станува зависен од партнерот и подготвен е повеќе да страда во таков однос. Меѓутоа, денес не постои гаранција дека сегашниот партнер ќе остане со вас до крајот на животот, ниту пак дека ќе имате во тој период доволно поддршка од возрасните деца. Природата на начинот на животот и емоционалните врски се промениле. Затоа секогаш е добро, макар преку психотерапија, да се разреши со тој страв од осаменоста во староста. Верувам дека луѓето, без оглед на своите години, имаат право на задоволителна емоционална поврзаност.