ЖИВОТ

Љубоморна пријателка

By kukuriku

November 27, 2018

Љубоморна пријателка може да ви нанесе повеќе штета отколку најголемиот непријател. Затоа е многу важно да ја препознаете.

Таа осудува

Љубоморна пријателка секогаш ве осудува. Таа секогаш ќе ве советува за тоа што сте требале или не сте требале да направите, па ќе го анализира вашето однесување иако е сосема јасно дека нејзините ставови се потполно непосакувани.

Таа е тука само во добри времиња

За разлика од вистинската пријателка која е со вас и во добро и во лошо, љубоморната пријателка е со вас само во добри времиња. Кога ќе ве снајде некоја несреќа, таа ќе почне да се дружи со други луѓе.

Константно префрлување на вината

Љубоморна пријателка е онаа која ве обвинува за сите лоши нешта кои се случуваат на светот. Таа е толку несвесна за своите грешки што веднаш ве обвинува вас, доколку нешто тргне наопаку. Наместо да ви биде поддршка во тешки времиња, ваквата пријателка се однесува полошо од вашите непријателки и ви го отежнува животот.

Таа е манипулаторка

Љубоморната пријателка често е и манипулаторка. Пред вас таа се однесува како да нема подобра пријателка од вас, а штом се свртите, почнува да ве критикува и озборува.