Ако сте љубител на лиснати теста, овој рецепт редовно ќе го правите за појадок или за вечера.
Потребно
- 500 гр тенки готови кори
- 300 гр сирење
- Масло
- Едно јајце
- Прашок за пециво
- Жолчка за премачкување
Подготовка
Сирењето испасирајте го, измешајте го со јајцето и додадете половина од кесичката прашок за пециво. Измешајте го филот додека да се изедначи.
На првата кора премачкајте малку масло и врз неа и ставете уште една. Ставете од смесата со сирење, а врз неа уште една кора, премачкајте со масло и ставете и четврта кора.
„Здиплете“ ги корите и сечете триаголници од нив. Ставете ги во тава и премачкајте ги со изматена жолчка. Посипете со сусам и ким.
Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.