РЕЦЕПТИ

Летна салата со моцарела | Видео

By kukuriku

July 27, 2021

Во нашиот видео рецепт, научете како да подготвите летна салата со моцарела.

Вистинско освежување за овие жешки летни денови. Богатство на витамини, минерали, но и вкусови, можете да ја подготвите за 15 минути. Добар апетит!

Упаство во чекори

Исцедете го сокот од лимонот, исечете ги доматите на парчиња, кромидот на прстени, моцарелата на коцки и излупете ја краставицата, извадете му јасрцевината и исечете ја на тркалца.

Наредете ги парчињата домат на чинијата, над нив ставете ги парчињата краставица, покријте ги со прстените од кромид, додадете маслинки и коцки од сирење.

Потоа истурете маслиново масло и сок од лимон во сад, зачинете со сол и бибер, и добро измешајте со жица за матење.

Истурете го добиениот прелив врз зеленчукот и сирењето, украсете со лисја нане и послужете.