ЛЕОПАРДИТЕ ПРИСТИГНУВААТ ? Германија ќе одобри испраќање на своите моќни тенкови во Украина

73

Полска би испратила германски тенкови Leopard 2 во Украина, но за тоа ѝ треба претходно одобрение од владата во Берлин, која изгледа денеска одлучи да го промени ставот за таков аранжман.

Берлин сепак ќе ѝ дозволи на Полска да испрати германски тенкови Leopard 2 во Украина, пишува Bloomberg.

Leopard 2 се модерни и моќни тенкови од германско производство, а земјите чии армии ги имаат во својот арсенал, како Полска, мора да добијат германско одобрение за нивно пренесување во трети земји.

Владата во Берлин денеска го доби барањето на Варшава да ги испрати овие тенкови во Украина, додека самата таа се уште се противи на оваа идеја која ја „туркаат“ Полска, САД и уште неколку членки на НАТО. Тоа дури предизвика тензии меѓу Варшава и Берлин, при што полскиот премиер Mateusz Morawiecki дека Берлин со двоумење „губи време“.

Пресудил телефонскиот разговор меѓу Biden и Scholz

“Подготвуваме одлука, таа ќе пристигне многу брзо“, изјави германскиот министер за одбрана Boris Pistorius на денешната заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Jens Stoltenberg.

  • „Во случај на позитивна одлука, Германија ќе дејствува многу брзо“, додаде тој.

И американскиот Wall Street Journal денеска објави дека САД се поблиску до одлуката да ги испратат своите моќни тенкови Abrams во Украина. Белата куќа би можела да ја донесе таа одлука до крајот на оваа недела.

Сето ова се случило, како што пишува Wall Street Journal, по телефонскиот разговор на американскиот претседател Joe Biden и германскиот канцелар Olafa Scholz.