Тој посочи дека секаде има многу провокатори.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТРС објасни зошто рускиот претседател Владимир Путин направил паралела меѓу Косово и Донбас, што предизвика бурни реакции во српската јавност.
Запрашан да го коментира тоа што во јавноста се повеќе се зборува за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во која тој го поврза прашањето за Донбас и Косово и дека Србија е под неверојатен притисок поради тоа, како и дали тоа значи откажување поддршка за Србија што сугерираат некои медиуми, дури и во Србија, рускиот министер вели:
– Насекаде има многу провокатори. Се работи, како што јас разбирам, за изјавата на претседателот Путин во врска со пресудата на Меѓународниот суд на правдата за законитоста на еднострано прогласената независност на Косово. Го слушнав претседателот Вучиќ како зборува за тоа. Мислам дека станува збор за недоразбирање – рече Лавров.
Тој понатаму наведува дека независноста на Косово е прогласена во 2008 година и дека во тоа време не се воделе никакви борби и дека постоела резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН, чија имплементација била категорично отфрлена од косовските лидери.
Поранешниот фински претседател Марти Ахтисари ги водеше преговорите меѓу Белград и Приштина во име на ОН со цел да се исполни истата резолуција, рече тој.
– Повторувам уште еднаш дека немаше никаква закана за населението на Косово или за соседните области на Србија. Преговорите може да продолжат, но наместо тоа, Ахтисари ненадејно рече дека мора да се договорат во одреден временски период. Штом го кажа тоа, косовските Албанци престанаа да учествуваат во преговорите. Прогласена е независност. Српската влада се обрати до Меѓународниот суд на правдата на ОН со барање да даде мислење за легитимноста на тој процес во август 2008 година. Не молеа да ја поддржиме тоа обраќање. Мислењето дадено од Трибуналот беше иницирано од Белград, тогашната влада на Србија. Западот активно пропагираше и поздравуваше, ние не изразивме никакви емоции – изјави шефот на руската дипломатија во интервју за РТРС.
Според него, во 2014 година, под влијание на настаните кои започнаа со крвавиот антидржавен удар во Украина и обидот на нацистите да го окупираат Крим, Кримјаните одржаа референдум, а Западот почна да покажува незадоволство.
– Тогаш претседателот Путин рече дека многу добро ги знаеме нивните двојни стандарди. Се сеќаваме колку беа среќни кога Меѓународниот суд на правдата објави дека едностраното прогласување независност може да се случи без согласност на централните власти. Тоа го порача исклучиво за да укаже на апсолутното лицемерие, лицемерие и двојни стандарди на Западот – посочи Лавров.
Потсети и дека Путин, кога станува збор за преговорите за решавање на косовското прашање, постојано на средбите со српскиот претседател и во неговите јавни говори нагласувал дека Русија целосно ја поддржува позицијата на Србија и дека ќе поддржиме решение кое е прифатливо за српскиот народ.