ЖИВОТ

„Лајон Трајлерс“ промовираше најлесна европска полуприколка за транспорт на опасни материи

By kukuriku

May 15, 2026

Во присуство на високи гости и претставници од транспортната индустрија, на 9-ти мај во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“) се одржа официјална презентација на првата македонска полуприколка за транспорт на опасни материи, производ на компанијата „Лајон Трајлерс“ (Lion Trailers) од Гевгелија.

Овој иновативен производ претставува револуција во домашната машинска индустрија, бидејќи станува збор за најлесната полуприколка од овој ранг на пазарот, изработена според најстрогите европски стандарди и најновата ЕУ Регулатива 858/2018.

Оваа полуприколка во моментот е најлесната во својот ранг на пазарот со нето тежина која започнува од 4.200 килограми, што овозможува рекордна носивост од 39.000 килограми. Со капацитет на резервоарот од 38.000 литри, возилото е специјално дизајнирано за транспорт на дизел, бензин, керозин и останати нафтени деривати, нудејќи современ дизајн и супериорни технички решенија.

Економската исплатливост на овој македонски производ е потврдена преку заштеда на гориво од 30%, што директно го зголемува профитот на транспортните компании. Ваквите карактеристики овозможуваат целосен повраток на инвестицијата во период од само 24 до 27 месеци.

Настанот беше збогатен со учеството на светски познатата германска компанија BPW, лидер во производство на осовини за тешки товарни возила. Свое обраќање имаше и извршниот директор на BPW Германија, д-р Вагнер Гернот (Dr. Wagner Gernot), кој ја потврди соработката и квалитетот на македонскиот производ.

За оваа полуприколка, BPW обезбедува 8-годишна гаранција на вградените осовини, што е дополнителна потврда за издржливоста и сигурноста. Посетителите имаа прилика да го разгледаат и специјализираниот „Инфомобил“ на BPW, каде беа прикажани најновите технолошки достигнувања во индустријата.

За компанијата „Лајон Трајлерс“

Основана во 2023 година во Гевгелија, „Лајон Трајлерс“ за краток период успеа да се наметне на меѓународниот пазар. Нивните производи веќе сообраќаат низ патиштата на Европската Унија, нудејќи модерен дизајн и супериорни технички решенија. Како дополнителна вредност за своите клиенти, компанијата нуди 24/7 мобилен сервис, достапен на секоја локација.

Контакт за медиуми:

Ристо Паунков lions.trailers@gmail.com +389 78 389 100 liontrailers.com.mk