Ладен туш за белгиската премиерка | Лекарите ѝ свртеа грб | Видео

202

Вчера премиерката на Белгија, Софи Вилмес имаше непријатен пречек за време на официјалната посета на болницата во Брисел, откако здравствените работници и свртеа грб на неа во знак на протест додека поминуваше покрај нив во службен автомобил.

„Брисел тајмс“ пишува дека станува збор за болницата „Свети Петар“, која всушност била главната за време на пандемијата на коронавирус, во која персоналот се борел да ја обезбеди потребната медицинска нега за сите заразени пациенти. Првиот белгиски пациент, Филипе Соубри, бил лекуван таму откако се вратил од Вухан, Кина, каде започна пандемијата.

Како што растеше бројот на заразени лица, други болници се приклучија на третманот на пациентите, а премиерката Вилмес вчера беше во планирана посета на болницата „Делта“ во Аудерхем, меѓутоа, тоа беше првпат кога ги посети овие институции откако се појави вирусот корона во Белгија.

„Посетите во болниците во Делта и Свети Петар беа исклучително важни, пред се заради средбите и дијалогот помеѓу медицинскиот персонал и мене. Здравствената состојба, менталното здравје, проценката на работата, како и финансирањето на здравствената заштита, се само некои од темите за кои разговаравме”, напиша на Твитер премиерката Вилмес.

Сепак, дијалогот со медицинските сестри и другите вработени се чинеше сосема различен. Додека нејзиниот автомобил ја минуваше болницата „Свети Петар“ и се упати кон влезот, здравствените работници стоеја во два реда на самото место, но со грбот се свртеа, а некои набљудувачи го објаснија како срамен потег.

Сепак, претставниците на вработените подоцна изјавија дека медицинскиот персонал е разочаран од одговорот на владата на пандемијата, особено кога станува збор за управување со кризи и здравствена заштита воопшто, вклучително и ниски плати, недостиг на персонал и намалување на буџетот на здравството.

Незадоволни се и од обидот на владата да ангажира неквалификуван персонал, кој треба да обезбеди медицински услуги на пациентите, наместо да вработи луѓе од оваа професија.

Филипе Лерој, генерален директор на болницата „Свети Петар“, обидувајќи се да ја подобри ситуацијата, рече дека посетата на премиерката е многу важна.

„Медицинските работници беа соочени со многу емоции. Тие се уморни и на моменти се многу нервозни за сè што се случуваше и верувам дека резултираше со такво дејство“, рече Лерој.

Во меѓувреме, портпарол на Кабинетот на Премиерката рече дека „целта на владата е да управува со кризата, а не да ја отежнува и затоа е понекогаш неопходно да се донесат тешки одлуки“.