„Крупните риби“ во правосудството ќе се соочат со законот

94

„Да не се очекува декa ние ќе правиме ревизија на сите случаи кои имаат грешка. Нашата цел е да се зголеми нивото на редовност и отечност во носењето на судските одлуки. Само на овој начин ќе го кренеме стандардот“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

– Во случаите на корупција на судиите, имавме видливи ситуации на висока корупција кои експресно беа решени, јас овде го гледам граѓанскиот интерес и интересот на правдата. Крупните риби да може да се соочат со законот. На иста страна сме со граѓаните кои ја бараат правдата. Добра е идејата да се собере група која ќе ги анализира постапките на судиите и да видиме каде е проблемот кај судиите, полицијата или законската постапка“, вели Маричиќ.