Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа | Нови 4 случаи позитивни на коронавирусот

352

Кризна состојба е прогласена во Дебар и Центар Жупа откако има уште четири потврдени случаи на коронавирусот од овие региони, информира попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

На прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот. Кај неа состојбата е влошена и доколку биде потребно ќе биде приклучена на апарат за вентилација.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно девет пациенти, а првозаболената чии резултати се негативни ќе биде пуштена на домашно лекување.

Од деветте пациенти една е од Скопје, и седум се од Дебар, од кои двајцата се брачниот пар, пет што дојдоа дополнително и четворицата од денеска.

Во изолација од првата група од 21 лица кои се сопатниците и досега кај нив нема симптоми, од втората група во изолација од 24 лица, 10 покажале симптоми, и четири се хоспитализирани.

Има сомнителен уште еден пациент кој е стигнат преку скопскиот аеродром од Германија и кај имал лесна покачена температура. – Тој е изолиран како и пациентите кои биле околу него, рече Филипче.