СОСТОЈКИ
- 500 гр грашок
- 1 голем целер
- 50гр путер
- 100 гр павлака
- 200гр тост леб
- 100 гр брашно
- 2 јајца (само жолчки)
- сол
- бел пипер
- 200 пушена сланина
Порции – 4 ⇔ Време на подготовка – помалку од 60 минути
ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
- целерот се чисти и се сечка на коцки.
- лебот се сечка на коцки и се потпечува во рерна.
- сланината се сече на мали ленти и се потпржува во тава без масло.
- целерот се вари во вода со малку сол и така полуварен се додава во грашокот и се остава да крчка додека не се свари.
- во друга тава стопете го путерот, додадете го брашното и малку пропржете. Изгасете ја супата во која се вареше зеленчукот, тргнете од оганот, оставете малку да се излади и додадете ја павлаката и жолчките.
- исцедениот зеленчук добро се меша добро, потоа се додава во тавата со белиот сос, пак се меша и се зачинува со сол и црн бибер.
- се служи топло со грашок, крцкавата сланина и коцките од леб.
Добар апетит!