Краток водич кон правилата на однесување | И децата на плажа имаат свои права

644

Летен БОНТОН

Децата се огледало на своите родители. Оваа фраза, вака напишана звучи малку плитко, но одлично доаѓа за на плажа.

Ова, за многумина омилено место на кое се троши поголемиот дел од времето во текот на летните одмори, е полигон за тестирање, кога на него ќе се соберат мали и често бучни суштества со кадрави коси.

Децата, како и возрасните, на плажа се чувствуваат слободни да го прават она, што инаку е забрането. Фрлање песок, трчање по туѓа облека, прскање на сите страни и врескање на цел глас. А родителите? Или го игнорираат таквото однесување или збеснуваат и ги казнуваат децата.

Што во овој случај наложува (кажува, бара) ботонот и правилата на добро однесување?

Почитувајте ја приватноста

Психологот за деца Лина Ѓулват е претпазлива при поставување строги граници.

– Постојат правила на однесување на плажа, како и на секое друго јавно место, кое се дели со други луѓе. На детето треба да му се објасни да ја почитува приватноста на другите луѓе, но тоа не значи дека треба да му се нареди да седи мирно на душек (крпа). Треба да се почитува и неговото право, па постои можност да се оди на друго место на плажа ако процениме дека тоа е подобро решение – вели психологот.

Меѓутоа, ако дојде до незгодна ситуација, родителот треба да го соочи детето со последиците од неговото однесување. Тогаш прво родителот се извинува, а потоа детето. Децата учат од родителите, и ако тие ги почитуваат другите, тогаш детето тоа го впива, вели психологот.

Значи, важнa e претходната активност. Затоа што, ако се лекуваат причините, последиците ќе бидат многу поблаги. Истото ова важи и во некои други ситуации. На пример, во продавница кога детето гледа сет од Лего коцки или маска од Darth Vader. Иако родителот логично објаснува зошто нема да ја добие таа играчка, малото суштество нема да прифати “не” за одговор.

Во секунда е на валканиот под од продавницита, со хистеричен и плачлив поглед и вресок со кој може да им парира на оперските пејачи. Инаку, детскиот плач може да произведе 120 децибели, што е еднакво на јачината на звукот на една сирена, на рок концерт или моторна пила. Затоа на родителот му се препорачува во тој многу стресен момент да остане со колку што е можно поладна глава и да се обиде да им се спротивстави на молбите.

Спротивставете се

– Пред да се оди во купување, треба да се разјаснат правилата – каде се оди, што ќе се купува и дека не сме во можност да купиме нешто повеќе од тоа. Понекогаш тоа не е доволно и тогаш родителот може на тоа да се спротивстави. Со децата секогаш треба да бидете подготвени да ја напуштите ситуацијата – вели Ѓулват. Сепак, укажува дека на детето не треба да му се заканувате дека ќе го оставите во продавницата ако лошо се однесува, бидејќи на тој начин му се загрозува безбедноста.

Уште една незгодна ситуација за која постојат поделени мислења е онаа кога децата доаѓаат во конфликт со други деца. И тука, прво, треба да ја процениме ситуацијата пред да се вклучат родителите.

– Како по правило, децата треба да бидат оставени сами да ги решаваат конфликтите, но треба да проверите дали е вашето дете во можност тоа да го направи, и дали се чувствува способно за тоа. Родителот треба да интервенира со уважување на двете деца, прво да ѝ се обрати на жртвата, да провери во која состојба е, а потоа да му помогне на другото дете тоа да разбере што направило и да му помогне да се извини. Важно е да се објасни дека грешките се нормални, дека сите грешиме и дека е важно да ја преземеме одговорноста – објаснува психологот.

Учење добри манири е процес кој трае од раѓањето до крајот на животот, не е инстант реакција која се применува по првиот пат, туку се стекнува по многу сторени обиди и грешки.