УБАВИНА

Крај на расцветаните врвови

By kukuriku

January 04, 2021

Нема жена која барем еднаш во животот да не била конфронтирана со расцветани краеви на својата коса.

Несаканиот проблем се појавува обично помеѓу посетите кај фризер, кој со кастрењето дава, за жал, само привремено решение.

Во такви моменти секогаш се обраќаме кон природата како непресушен извор на корисни состојки за убавината .

Денес ќе ви претставиме еден рецепт со кој ќе можете да се ослободите од исушените краеви без да има потреба да се збогувате со неколку сантиметри должина од фризурата.

Еве што е потребно да направите.

1. Започнете со миење со шампон, обилно плакнење и сушење со крпа.

2. Земете една лажичка кокосово масло и згмечете го во косата, почнувајќи од корените и стигнете до краевите.

3. Завиткајте ја косата нагоре со крпа и почекајте 30 минути.

4. Исплакнете добро и измијте ја со шампон уште еднаш. Пожелно е да го измиете целосно кокосовото масло.

5. Повторете барем еднаш на секои две недели.