КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА ! Covid-19 повеќе не е глобална здравствена закана

418

Covid-19 повеќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради корона вирусот пред три години, на 30 јануари 2020 година, објави Reuters.

Статусот помогна да се фокусира меѓународното внимание на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во таа област, но Covid-19 сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.

Повеќе од 6,9 милиони луѓе починаа од корона вирусот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.