ДОМАЌИНСТВО

Крај на миризбата под пазувите

By kukuriku

July 05, 2020

Миризбите, кои ги лачат нашите тела се предизвикани од голем број на процеси кои се случуваат, и како резултат на храната и пијалоците кои ги конзумираме. Спротивно на верувањето дека непријатниот мирис во областа на пазувите е предизвикан од потта, треба да се истакне дека потта нема мирис.

Бактериите кои се задржуваат на кожата се одговорни за непријатниот мирис. Редовното отстранување на влакна, одличната лична хигиена, здравата исхрана може да помогне за регулирање на потењето и формирањето на непријатен мирис.

Во некои случаи и овие грижи не помагаат. Тогаш е подобро да се направи консултација со специјалист и да се применуваат некои природни методи за освежување на кожата во областа на пазувите. Споделуваме некои од нив.

Чајно дрво

Чајното дрво е антибактериска билка која делува како природен антисептик. Антисептиците можат да ги убиваат бактериите и габите кои се наоѓаат на површината на кожата. За да го спречите лачењето на непријатна миризба, измешајте 2-3 капки масло од чајно дрво со 2 лажици вода.

Оваа миризлива комбинација може да се стави и во шише со распрскувач или да ја нанесете врз кожата на пазувите со памук. Ако сакате да ставите дезодоранс, почекајте маслото да се впие добро во кожата.

Рузмарин

Рузмаринот е билка која често ја користиме во кујната. Но, докажано е дека нејзините соединенија може да ги елиминираат бактериите и габите, причинители на непријатната телесна миризба.

За да ги искористите предностите на квалитетите на рузмаринот, направете си напивка и секој ден нанесувајте ја по туширање на кожата под пазувите или со помош на памучен тампон втријте ја добро во овие области на кожата. При неопходност нанесете дезодоранс.

Сода бикарбона

Содата за готвење не само што го елиминира вишокот на влага, но и бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба. Наутро откако сте се истуширале, исушете ја добро кожата на пазувите. Потоа без да поставувате дезодорант нанесете мала количина сода. Во овоуј третман може да ја замените содата бикарбона со пченкарен скроб.