КРАЈ НА КОШМАРИТЕ ? Шефот на СЗО претстави одлична вест ! Пандемијата во 2022 година може да заврши, но под еден услов …

1195

„Со сите овие учења и капацитети, можноста да ја претвориме оваа пандемија на подобро е во наши раце“, рече генералниот директор на СЗО во новогодишната порака.

Иако моменталната ситуација не е најдобра во однос на епидемиолошката состојба, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, во новогодишната порака изрази надеж дека пандемијата може да заврши во 2022 година.

“Две години по почетокот на пандемијата, алатките достапни за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трети дози. Тој јаз ги зголеми шансите да се појават нови варијанти, затворајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања“, напиша Тедрос на LinkedIn.

„Добро го знаеме вирусот“

„Ако ставиме крај на нееднаквоста, ќе ставиме крај на пандемијата и глобалниот кошмар што сите го доживеавме. И тоа е можно“, додаде тој.

Тедрос рече дека по две години „сега добро го познаваме вирусот“ и знаеме „докажани мерки за контрола на преносот“, набројувајќи при тоа употреба на маски, избегнување гужви, одржување физичко растојание, хигиена на рацете и системот за дишење, проветрување простории, тестирање и следење на контакти.

„Знаеме како да ја третираме болеста што ја предизвикува и како да ги подобриме шансите за преживување на луѓето кои страдаат од сериозни болести. Со сите овие учења и капацитети, можноста да ја претвориме оваа пандемија на подобро е во наши раце“, заклучи шефот на СЗО во новогодишната порака.