ЗДРАВЈЕ

Козметиката може да наштети на нашите очи

By kukuriku

October 02, 2020

Козметиката станува побезбедна и помалку агресивна за кожата, a со тоа и за очите. Но, сепак, постојат случаи во кои при користење на сенки или очен туш се забележува дразнење во очите.

Надразнувањето на очите, конјунктивитис и блефаритис (воспаление на очните капаци) се најдиректните последици од несоодветното нанесување на шминката на очите.

“Непотребната шминка не само што предизвикува непријатност, туку и може да доведе до хронични инфекции”, изјави за списанието “Ола” д-р Фернандо Јове, главен лекар во клиниката “Бавиера”. Покрај овие инфекции, употребата на несоодветна или агресивна козметика може да предизвика појава на јачмен во окото, црвенило или кинење.

Д-р Јове советува при купувањето на козметика да сме свесни кои производи се применуваат директно на кожата и кои врз оптичката јамка, како и да сме сигурни дека поминале низ сите проверки, и дека состојките не се штетни за здравјето. Тој додава “Иако има козметика, која е на ниска цена и со добар квалитет, цената не треба да е единствениот фактор кој влијае на купувањето, ако тоа ќе влијае на нашето здравје”

Покрај купувањето козметика, на која јасно се напишани состојките, д-р Јове препорачува да се консултирате со специјалист за најсоодветните производи и така да ја избегнеме појавата на евентуални проблеми со видот. Сите производи треба да имаат етикета со состојките и упатства за правилна употреба. На пример, седефните сенки за очи содржат блескави пигменти, кои можат да бидат штетни за очите, да предизвикуваат јачмен, иритација и конјунктивитис, кој може да стане хроничен.

Исто така не треба да се користат производи постари од 2 месеци. Освен тоа, при шминкањето мора да се почитуваат основните хигиенски норми како одржување на чистотата на четките за шминка и да не ја даваме шминката и четките на други.