КОВИД-19 | Луѓето со оваа крвна група се побезбедни од другите

354

Откриено е кои дијагнози го зголемуваат ризикот од компликации со кронавирусот. Генетската компанија тврди дека крвната група е поврзана со ризик од коронавирус.

Некои луѓе имаат поголем ризик од компликации поврзани со болеста Ковид-19. Покрај пациентите со заболени бели дробови и срце, научниците откриле дека крвната група исто така игра улога во тоа, а дијабетичарите и луѓето кои страдаат од апнеа се повеќе склони кон потешката форма на болеста.

Ова го покажа новото истражување на Универзитетот во Ворвик, а ова откритие дојде по систематските извештаи од други студии кои ги пријавуваат резултатите од Ковида-19 кај пациенти со дијагностицирана опструктивна апнеја при спиење, а резултатите се објавени во научното списание „Sleep Medicine Review“.

Едно истражување открило дека кај пациенти со дијабетес кои биле хоспитализирани поради коронавирус и примале терапија за опструктивна апнеја имале зголемен ризик од смрт дури 2,8 пати.

Но, проблемот е во тоа што дури 85 проценти од случаите на опструктивна апнеја при спиење се всушност неоткриени, односно недијагностицирани и без јасни податоци, тешко е точно да се утврди колку луѓе со нарушување може да доживеале потешка форма на Ковид-19.

Една крвна група штити од вирусот. Друга група истражувачи откриле дека крвната група има влијание врз инфекцијата со корона вирусот.

Генетската компанија 23andMe тврди дека крвната група е поврзана со ризик од коронавирус, иако не е јасно колку и дали постојат начини на кои лекарите можат да дејствуваат на тоа. Имено, научниците од 23andMe ја набудувале ДНК на повеќе од милион луѓе.

Повеќе од 15.000 од нив имале позитивен тест за коронавирус, а 1.131 пациент бил хоспитализиран. Сите собрани податоци ги зајакнуваат доказите за улогата на крвните групи А, Б и 0 во генетиката на болеста.

„Нашите податоци поддржуваат улога во подложноста на инфекции, што укажува на тоа дека крвната група О е заштитна за разлика од другите“, се вели во нивниот извештај.

Покрај крвната група, еден многу поголем ризик, што веќе беше споменат, е дебелината, што повеќе од двојно го зголемува ризикот од хоспитализација.