Короната ова не може да го преживее | Доволно е една лажица наутро и една навечер

3500

Д-р Јуре Буриќ испратил писмо до хрватскиот министер за здравство Вили Берош во врска со короната, а во него тој наведува дека можеме да го отстраниме овој вирус од организмот.

Писмото под наслов “Почитуван господине министер, зошто не ме слушате”, ви го пренесуваме во целост.

“Почитуван господине министер, д-р Берош,

кружат кое какви препораки за испирање на устата со солена топла вода и јаболков оцет, а не сакате да го послушате мојот совет, барем три пати на ден да се врши инхалација над жешка водена пареа во која сте ставиле грст морска сол и чубрица (Calluna vulgaris) која не е ни толку битна. Иако на сето тоа јас додавам и 7-8 капки етерично масло од сладок пелин (Artemiissia annua), кое лично го произведов, што исто така не е толку важно.

Температурата, влажноста и достапноста на респираторниот тракт се важни! Така ќе ја “избркате” короната од устата и носот и сите дишни патишта, па и очите!

Никако да ви докажам дека ова е спасоносната метода на заштита од корона. И така и така луѓето ви се по дома и можат да потрошат еден час на инхалации, а цената е нула (освен морската сол).

Јас сум оториноларинголог околу 42 години и знам што зборувам. Ве молам, послушајте ме”,

Така напишал Д-р Јуре Буриќ, заблагодарувајќи се на министерот и на напорите на целиот негов тим, истакнувајќи дека ова е само неговиот повик, бидејќи верува во својот совет и можноста да им помогне на луѓето во борбата против короната.

Дополнителен рецепт

„Високата треска (над 50 степени) и зголемената влажност над 50% короната не може да ги преживее. Бидејќи вратата за влезот на инфекцијата се слузницата на усните, носот и окото – препорачувам три пати дневно од 15 до 20 минути инхалација над врела вода. Постапката е многу едноставна, а е според традицијата на нашите баби кои лекувале зимски настинки (вируси) токму со такви вдишувања (само што не ги нарекувале инхалации, “тие се кадиле над топлата вода”).

Во едно тенџере ставете околу 2 л вода и додадете грст морска сол. Кога водата ќе зоврие тргнете го тенџерето и ставете го на маса, земете една голема крпа и префрлете ја преку вашата глава и тенџерето со врела вода. Бидете внимателни на почетокот жешката водена пареа да не ве изгори! Вдишете ја длабока водената пареа низ нос и издишете низ уста. По околу десет такви вдишувања, вдишете исто толку низ устата, а издишете низ носот. И така се додека водата не се олади. Ова може да трае од 15 до 20 минути.

Поголемиот дел од времето, чувајте ги очите отворени. На овој начин, ќе се ослободите од злобната корона, која според мое мислење не може да преживее таква температура од околу 60 степени и влажност од скоро 100 проценти. Ако го направите ова три пати на ден, короната ниту ќе се размножи, ниту ќе се вкорени. Оневозможете и го влезот во вашите бронхии и белите дробови”.

За имунитет

“Изрендајте 1 кг јаболка и ставете да се динста 5-6 минути во тава со малку вода, па оставете да се излади. Додадете мелени ореви, бадеми, индиски орев, фстаци, семки од тиква, семки од кајсија – по 10 dkg од секоја. Потоа, додадете ги сувите сливи, кајсии, брусница, грозје, ситно сецкани – по 10 dkg. 

Сето ова добро измешајте и ставете во тегли од 200 гр. Одлежете ги во фрижидер освен онаа што ја користите, но и неа чувајте ја во фрижидер. Земете 1 лажица наутро и една навечер. Ова е исклучително добро за имунитет. Само добар имунитет значи добро здравје и успешна борба против сите болести, вклучително и вируси! – Вашиот доктор Јуре Буриќ “.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.