КОРОНАТА ГИ НАПАЃА СИТЕ! Еве што да направите ако сте пушач, имате астма, дијабетес или висок крвен притисок

933

Никој не е отпорен на коронавирус, но луѓето кои веќе имаат тешки здравствени состојби може да бидат изложени на ризик и да развијат посериозни симптоми.

Претпоставуваме дека чувствувате страв ако припаѓате на оваа група, па еве неколку совети како да се однесувате.

Кој е изложен на ризик?

Поради одредени здравствени состојби може многу лесно да се заразите со коронавирус што предизвикува респираторни заболувања. Постарите лица со слаб имунитет, хронични заболувања како астма, дијабетес и срцеви заболувања се изложени на ризик.

Што ако имате астма?

Секогаш носете пумпа со лекови во близина и користете ја како што е пропишано од вашиот лекар, на тој начин ќе ги намали шансите за напад на астма како резултат на респираторен вирус. Ако вашата астма се влошува, користете ја пумпицата, но ако симптомите се влошат, треба да се јавите на вашиот лекар.

Дали сите постари од 65 години треба да одат во самоизолација?

Препораката на надлежните е сите над 65 години и сите кои се изложени на ризик да бидат во изолација. Ако имате постара личност во вашето семејство, не заборавајте да го проверувате секојдневно преку телефон или други безбедни средства. Избегнувајте посета на стари лица, особено не ги водете децата со вас.

Продолжува на страна 2