КОРОНА ВИРУС И ПРЕВЕНЦИЈА | Кога се враќате дома од град или работа, прво мора да го направите ова!

1756

Ако сте биле надвор: во град, продавница, аптека, на работа или во јавен превоз, ви препорачуваме да го направите следново:

На јавни места, не заборавајте да носите хируршки нараквици и маска. Во недостаток на истото, облечете ги зимските раквици и марама преку носот и устата.

Избегнувајте контакти (ракување, гушкање) и потпирање на било која површина. Избегнувајте да седите во градски автобус.

Кога ќе се вратите дома:

  • Соблечете ги чевлите пред врата;
  • Извадете ги ракавиците, ако сте ги носеле (ракавиците за еднократна употреба се фрлаат во корпа, а зимските раквици мора да се измијат во машина за перење на 60 степени Целзиусови).
  • Отстранете ја маската (шамијата во машина за перење)
  • Соблечете ја облеката и ставете ја целата, освен вашата јакна во машина за перење.
  • Темелно измијте ги рацете и лицето.
  • Користете хартиени крпи за да се избришете или пешкир кој е само ваш, а кој ќе го менувате секој ден.
  • Испрскајте ги чевлите со асепсол и оставете ги пред вратата (можете плитко корито да наполните со млака вода и средство за дезинфекција, па во тој раствор да ги измиете чизмите, патиките, чевлите).
  • Дезинфицирајте ги вратите, гелендерот, бравите, светлата, sвончето, итн.
  • После сето ова, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.
  • Дури тогаш кога ќе го направите ова, можете да ги поздравите домашните.

Забелешка: Додека трае вирусот, се препорачува сите членови на домаќинството да имаат свој пешкир за раце и лице кои ќе се менуваат на крајот на денот.

Приборот за јадење мора да биде добро измиен и стерилизиран.

Работите кои ги носите од продавниците мора внимателно да се внесат во домот. На пример, намирниците како што е јогуртот, млекото и шишињата сок, мора да се измијат пред да се стават во ладилникот.

Внимавајте на хигиената, таа е половина здравје.

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!