Корона криза | Литар крв вреди повеќе од 10.000 ДОЛАРИ | Видео

194

На црниот пазар на dark web се продава крв од луѓе кои го прележале коронавирусот. Сајбер криминалците нудат литар крв кој содржи антитела за повеќе од 10.000 долари.

Dark web е илегален дел од светската мрежа на кој се пристапува преку посебни претражувачи, а до сега беше база за купување на дрога, оружје па дури и нарачување на убиства. Сега во време на епидемија на вирусот корона, стана место каде може да се купи крв од луѓе кои го прележале Ковид-19 и кои зад себе имаат заштитни антитела против заразата, пренесуваат бројните светски медиуми.

Како што се претпоставува купувачите набавуваат крв со антитела за да добијат трансфузија и така да се заштитат од инфекцијата од новиот коронавирус или за да се излечат ако се веќе заразени.

Некои сајтови од dark web забраниле продажба на крв, бидејќи постои голема можност на измама, а илегалниот пазар не сака на тој начин да ја наруши својата „репутација“. Продажбата на крв сега е на универзалната листа на „забранета роба“ на поголемиот дел од dark web на кој се уште и нарачување на убиства, продажба на човечки органи и snaf филмови (филмови во кои се прикажуваат сцени од вистински убиства или мачења).

Колку чинат човечките органи на црниот пазар?

Но како и секој друг пазар и овој илегален, заштитен е со јак криптографски софтвер, има свои исклучоци, па така на него сепак можете да купите крв, како и други забранети работи.

Австралиската влада, чиј Институт за криминологија спроведе студија за нелегална продажба на производи поврзани со ковид-19, исто така се занимаваше со овој проблем. Тие откриле и понуди за продажба на крв со антитела, наведени како „пасивна имунизација“, рече Род Бродхарст, еден од авторите на студијата, до австралиската „ABC News“.

Како што беше утврдено, 645 понуди за продажба на производи поврзани со ковид-19, најмногу заштитна опрема, беа откриени во 12 крипто-продавници, но понудени се и лекови, „вакцини“, тестови, па дури и еден респиратор …

Програмите на специјализирани компании за безбедност на Интернет, исто така, откриваат понуди за продажба на крв со антитела.

За потеклото на крвта не е познато, но некои крипто-продавници каде што се понудени се откриени дека се регистрирани во Шведска.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.