КОРОНА криза | Грција, Шпанија и Италија имаат полоша слика од минатата недела

183

Најновиот извештај на ECDC за 14-дневната состојба со „Ковид-19“ во земјите на ЕУ покажува дека поголемиот дел од Хрватска и понатаму е во зелено на европската коронакарта, додека јадранскиот регион е портокалов.

Шпанија и Италија имаат полоша слика од минатата недела. Сега уште два италијански региони во централниот дел се црвени, а останатите се портокалови, со исклучок на дел од северна и јужна Италија.

Што се однесува до Шпанија, целата земја е во темноцрвена боја, освен мал дел од брегот на северот на земјата.

Што се однесува до Грција, уште еден регион во централниот дел на земјата ја доби црвената ознака, а сѐ друго е исто како и минатата недела – критчно.