„Корона-концерт“ и во Белград | Колку луѓе ќе се заразат?

1393

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, вчера изјавил дека ќе се организира концерт во Белград како еден вид научен експеримент, со цел да се види колку луѓе ќе бидат заразени со коронавирус, како што беше случајот во Барселона и Холандија.

„Планираме да организираме научен експеримент во Белград под надзор на Републичкиот фонд за здравствено осигурување и Медицинскиот факултет. Тоа ќе бидат два концерто, еден на отворено и еден во затворено“, изјавил тој за РТС.

Како што објасни Весиќ, тој експеримент ќе помогне да се организираат концертите во иднина.

Весиќ оценил дека Белград е „најдобар“ во Србија во однос на вакцинацијата и дека не треба да ја „дели судбината“ на другите градови.

„Во петок, на седницата на Кризниот штаб, ќе има четири протоколи поврзани со организацијата на прослави, семинари, концерти, фестивали и конгреси, бидејќи нема причина да ги нема. Туристите на конгресите се најдобри туристи“, вели тој.

Во Белград, додал Весиќ, недостигаат уште 60.221 вакциниран за да се достигнат 50% од вакцинираните.

Пунктови за вакцинација ќе бидат отворени во уште три трговски центри – „Бео“, „Галерија“ и „Рајичева“, а автобусот за вакцинација денес ќе биде во општина Грочка, соопштил тој.