Корејанците почнаа да се откажуваат од јадење кучешко месо

638
кореа

Фармерите од Јужна Кореја, кои одгледуваат кучиња чие месо е традиционално присутно на трпезите на жителите на оваа држава се жалат дека досега вносниот бизнис пропаѓа. Причини се откажувањето на помладата генерација да јаде кучешко месо, но и големата кампања на меѓународната „Хјуман сосајети интернешнл’’.

Во над 1.000 фарми за одгледување кучиња во Јужна Кореја лани биле одгледани околу 2,5 милиони кучиња, чие месо е дистрибуирано до продавници и ресторани. Тоа е пет пати помало „производство’’ во однос на 2005 година, што ги доведе фармерите до финансиски загуби и до намалување на бројот на кучиња во специјализираните фарми.

Има објаснување дека Корејанците јаделе кучешко месо поради сиромаштијата и немањето можности да купуваат друго месо, или риби. Постарите жители на Јужна Кореја се уште тврдат дека кучешкото месо е специјалитет, но младите не ги поддржуваат и се преориентираа на друга храна.

Во Сеул и други градови се почесто во излозите на рестораните стои пораката – „гарантираме дека не сервираме кучешко’’.

Во блиска иднина, наместо како извор на месо за скари и чорби Златни Ретривери, Сибирски Хаски, Ротвајлери, Јапоснските Тоаси, како и најпопуларното локално куче Јиндо, што беа сметани за извор на најквалитетно месо, ќе ги има само во домовите, улиците и зоолошките градини.