ДИЕТИ

Компјутерска игра за слабеење

By kukuriku

May 22, 2020

Заборавете на личните тренери и безглутенски диети, сега можете да ослабете со помош на компјутерска игра.

Според британските научници, кои ја создале онлајн играта со помош на вежбање на мозокот, може да се ослабне со околу 0,7 кг. секоја недела. Истражувачите тврдат дека играта може да им помогне на некои луѓе да консумираат 220 помалку калории на ден.

Играта трае 10 минути и може да се игра од секој, објаснија научниците од Ексетерскиот универзитет и Универзитетот Кардиф.

За да се добие максимална корист од неа, треба да се игра четири пати за една недела и да ги зачувате вашите резултати. Играта е базирана на слики на различни производи, претежно колачи и овошје. Идејата е да се “обучи” вашиот мозок да се одвраќа од калорична храна.