Колку помагаат заштитните маски за одбрана од коронавирусот?

355

Се повеќе луѓе носат заштитни маски. Во повеќе земји тоа веќе е наложено и како обврска. Но кого навистина штитат овие маски и од што? Ова се најважните информации

Во многу региони во Кина носењето заштитна маска е обврска по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Сега тоа го воведуваат и многу други земји. На пример, Австрија воведе обврска за носење маски во супермаркети. И во Германија се дискутира за тоа.

Но, овие мерки не служат за да не се зарази здрав човек кој носи маска. Поентата е токму спротивна. Сите други треба да бидат заштитени од потенцијално заразените кои би го ширеле вирусот доколку не носат заштита врз устата и носот. А бидејќи заразениот може да ја пренесува инфекцијата и пред да покаже симптоми, практично секој човек е потенцијален пренесувач на вирусот. Логиката зад обврзувачкото носење маски гласи: доколку сите се придржуваме кон правилото ќе се намали вкупниот ризик од зараза во општеството.

Хируршките маски ги штитат пациентите

Едноставната маска која ги покрива носот и устата, досега се користеше исклучиво во операционите сали. Лекарите и асистентите при операции ги носеа овие маски за да не ги инфицираат пациентите со патогени на операционата маса. Доколку оној кој носи маска кива или кашла, најголемиот дел од капките остануваат во маската.

– Како да се заштитите себеси и другите од коронавирусот

Но, тоа долгорочно функционира само ако маските редовно се менуваат и безбедно и хигиенски се отстрануваат и фрлаат. Во операционите сали маските мора да се менуваат најмалку на секои два часа. Доколку носите повеќепати таква маска таа брзо ја губи својата функција. И сличните маски од платно мора често да се менуваат, за да не преживеат вирусите на нив.

Само ФФП-3 маската нуди целосна заштита, но и кај неа мора да се внимава на начинот на кој се користи

Продолжува на страна 2