Колективниот имунитет зависи од заразноста на вирусот и ефективноста на вакцината за заштита од инфекцијии.
И додека делта варијантата на коронавирусот се шири низ целиот свет, експертите се прашуваат дали желбата да се создаде имунитет на стадото преку вакцинација е сѐ уште остварлива. Имунитетот на стадото се постигнува токаш кога одреден дел од населението е вакцинирано против патогени или ја надминал инфекцијата.
Дали е ова можно да се постигне кога станува збор за COVID 19 поради постојаното појавување на повеќе заразни варијанти, е отворено прашање.
“Ако прашањето е ‘дали ќе ја контролираме пандемијата само преку вакцинација’, одговорот е негативен”, вели францускиот епидемиолог Mircea Sofonea, професор на Универзитетот во Montpellier.
Тој вели дека колективниот имунитет зависи од два основни фактори.
“Тоа се заразноста на вирусот и ефективноста на вакцината за заштита од инфекции. Во моментов, таа ефикасност недостасува.”
Двојно заразна варијанта
Делта е, грубо, 60% поподнослив од алфа варијантата и двојно повеќе заразна од оригиналната варијанта која се појави кон крајот на 2019 година. Колку е поефикасен вирусот во ширењето на инфекцијата, толку е поголем прагот за имунитет на стадото.
“Теоретски, тоа е многу едноставна математика”, вели епидемиологот Antoine Flahault, директор на Францускиот институт за јавно здравје.
Оригиналната варијанта на коронавирус е со стапка на репродукција помеѓу нула и три, што значи дека едно заразено лице може да зарази до три други. Да останало така, имунитетот на стадото би бил постигнат по вакцинација на 66% од луѓето, рече Flahault.
“Но, ако стапката на репродукција е осум, како на Делта, тоа нѐ приближува до 90%”, објасни тој. Сето погоре е точно под услов вакцините да бидат 100% успешни во запирање на делта варијантата, а ние знаеме дека, за жал, не се.
Повеќе од 100% вакцинирани
Според американските научници, ефективноста на вакцините Pfizer и Moderna во спречувањето на инфекцијата е намалена од 91% на 66% откако делтата стана доминантна варијанта.
А како студиите покажале дека имунитетот стекнат од самата вакцина се намалува со текот на времето, неколку земји веќе започнале вакцинација со третата доза, таканаречениот booster (засилувач).
Земајќи го сето ова предвид, Sofonea вели дека повеќе од 100% од луѓето треба да се вакцинираат за да го запрат преносот на вирусот. Што од очигледни причини е невозможно.
“Делтата може да зарази вакцинирани луѓе, што значи дека секој што не е вакциниран, ќе го ‘сретне’ вирусот во одреден момент”.
Сите пандемии еднаш ќе завршат
Но, дури и ако таа митска цел за колективен имунитет повеќе не е во прашање, експертите посочуваат дека вакцинацијата е најважна. Вакцината несомнено обезбедува одлична заштита од сериозни болести.
“Научниците препорачуваат да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе”, истакнува Flahault, додавајќи дека со текот на времето, сите пандемии завршуваат.
Sofonea вели дека сѐ уште е можно COVID да стане уште една ендемична болест, “но не само со помош на вакцини”. Тој предвидува дека ќе треба да се носат маски и да се одржува физичка дистанца до понатамошно известување.
“За време на пандемијата на СИДА, кога научниците рекоа ‘носете кондоми’, многумина рекоа – ‘добро, ни треба малку време'”, се сеќава Flahault. “И на крајот продолжија да ги користат. И во овој случај, може да се случи да продолжиме да користиме маски долго време во затворени простории и во јавен превоз”.