Колапс на Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger?

121

Корисниците од целиот свет, во денеска попладне пријавиле проблеми со Facebook и Instagram, но и со WhatsApp и Messenger.

На Фејсбук со часови не е можно да се објавува, шерува или да ажурирате статус, Instagram има проблем со refresh-от, но и со праќање пораки, исто како и на Messenger. WhatsApp јавува проблем ако се обидете да испратите медиумски запис, т.е фотографија или видео снимка.

Дека нешто се случува, јавува и страницата downdetector.com каде што може да се види дека проблеми имаат корисниците во Европа, САД и делови од Азија. Корисниците исто така известуваат за проблеми преку Твитер, социјална мрежа која инаку гори кога Facebook и Instagram се блокирани.

“Свесни сме дека некои корисници имаат проблеми со пристап до апликациите на Фејсбук. Работиме за да го реши проблемот што е можно побрзо”, напишаа на Твитер од Фејсбук, а потоа додадоа дека “можам да потврдам дека проблемот не е во врска со нападот од DDoS”.

Што се случило (или не)?

Фејсбук се соочува со проблеми цел ден кога се обидувате да напишете статус, објавите фотографија, видео, линк …

Во некои случаи, Messenger не се вчитува воопшто преку десктоп верзијата, или ако се обидувате да пристапите преку Фејсбук. Сепак, по некое време, вчитувањето успева во повеќето случаи, а во текот на денот имаше проблеми и испорака на пораките.

На Instagram е слична работата – проблеми со објавување, рефреш на други најави и испраќање или примање на пораки.

WhatsApp работи нормално до моментот кога сакате да испратите медиумски записи, односно, снимка или фотографија. Потоа се обидувате повторно се додека не ја видите пораката “Обидете се повторно”.

Проблемите со Face, Instagram, Messenger и WhatsApp траат повеќе од пет часа и засега не се предвидува крајот.

А целата ситуација многумина потсети на некои стари времиња кога не сме знаеле за социјалните мрежи ниту за whatsapp, па (и покрај многуте нервози) почнаа со шеги на Твитер.