РЕЦЕПТИ

Колачиња со кокос и карамел

By kukuriku

July 20, 2019

Старински кокос колачиња …

Потребно

За тестото

За карамел кремот

Подготовка

Замесете го тестото. Путерот на собна температура изматете го со киселата павлака, шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето. Додадете го кокосот и брашното со прашокот за пециво во него и замесете тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го да стои во фрижидер околу еден час.

За тоа време направете го кремот од карамел. Кондензираното млеко заедно со шеќерот и путерот ставете ги да се варат на средна температура околу 50 минути за да се згуснат малку. Промешувајте повремено за да не ви се фати смесата на дното. Тргнете го садот на страна.

Тестото извадете го од фрижидер и со раце откинувате од него парчиња и формирајте ги како топчиња. Топчињата потопете ги во благо изматена белка од јајце и потоа увалкајте ги во кокос.

Топчињата распоредете ги на тава обложена со хартија за печење, а потоа со крајот на дрвена лажица притиснете им ја средината.

Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени. По 10-тина минути извадете ги од рерна и уште еднаш притиснете им ја средината. Средината наполнете ја со кремот од карамел.

Растопете го чоколадото со 1 лажиче масло и со ова на крај украсете ги колачињата.