РЕЦЕПТИ

Колач со вишни и диња

By kukuriku

November 07, 2020

Денес ви нудиме предлог за овој мек колач, кој содржи два вида на овошје.

Потребно

За посипување

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното, гризот и прашокот за печиво, сето тоа просеано, додадете јогурт или кисело млеко, масло, кората од лимон, и се добро изедначете.

Потребен ви е плех 30 х 20 см, премачкајте го со масло и наросете го со брашно, па сипете и изедначете. Дињата исчистете ја па со калап извадете топчиња, издлабете ги топчињата и во средина ставете вишни, па потоа распределете ги по тестото.

Печете во загреана рерна на 200 степени 40 до 50 минути за колачот убаво да се испече.

Посипете го колачот со ванилин шеќер и прав шеќер и пресечете го кога целосно ќе се олади.