Многу лесно и брзо ќе го подготвите овој вкусен домашен колач …
Потребно
- 2 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 мл млеко
- 200 мл масло
- 200 гр мелени ореви
- 200 гр гриз
- 200 гр брашно
- 2 изрендани јаболки
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- малку рум
- 50 гр џем од кајсии
- 50 гр сецкани ореви
Подготовка
- Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Додадете ги маслото, млекото, оревите, гризот и брашното што претходно сте го помешале со прашокот за пециво. Изматете убаво.
- На крај додадете ги изренданите јаболки и измешајте.
- Горната смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени 30-35 минути.
- Печениот колач премачкајте го со џемот од кајсии и посипете го со сецканите ореви.