Потребно
- 3 јајца
- 1 чаша за млеко шеќер
- ½ -//- млеко
- ½ -//- зејтин
- 2 -//- брашно
- 300 г. чистени цреши
- 1 пециво
Ги матите белките од јајца, а потоа ги додавате и жолчките. Постојано мешајќи на најголема брзина го додавате шеќерот додека да се растопи.
Ги додавате млекото и зејтинот и промешувате со лажица. Пецивото го мешате со брашното и го додавате во смесата убаво да се изедначи.
На подмачкано плехче истурате половина од смесата и печете во загреана рерна на 200 степени 10-тина минути колку да фати кора.
Го вадите плехот и одозгора ги редите црешите, па остатокот од смесата го растворате со уште малку млеко и го истурате врз црешите.
Го допекувате. Кога ќе се излади, посипувате со шеќер во прав./Изворна информација