РЕЦЕПТИ

Коктели за интима

By kukuriku

October 28, 2020

Доколку сакате да се освежите за време на спарните летни денови, ви препорачуваме да се напиете барем еден коктел.

Без разлика дали сте на море, во бар, на забава или дома, овие коктели не треба да ги пропуштите. Не само што се превкусни, туку и изгледаат прекрасно. Навистина ќе ви го разубават летото.

Со вас ќе споделиме листа на коктели кои и сами можете да си ги направите дома доколку не сакате да излезете некаде.

May Day

Овој коктел е токму за сега. Одличен е за пролет и лето. Сигурно приметивте дека има цветови како декорација. Многу луѓе ги јадат овие цветови, иако не се за јадење. Не дека на некој му е важно додека се журка.

Овој прекрасен коктел може да го пиете на плажа, на вашиот балкон или пак да уживате со вашите пријатели на забава. Доколку сакате сами да си го направите овој коктел ќе ви бидат потребни следните состојки.

Потребно

Сите состојки освен шампањот се мешаат заедно. Коктелот го сипувате во чаша и додавате шампањ. Декорирајте со прекрасен цвет.

Rum Sunset

Пробајте го овој класичен коктел совршен за топлите летни денови. Премногу е едноставен, но сите го обожуваат.

Потребно

Мешајте ги сокот и румот заедно. Одвоете една третина од смесата на страна. Ставете две третини од смесата во две чаши со мраз. Во останатиот дел од смесата додадете Гренадине. Полека сипете во чаша за да добиете омбре ефект.

Сангриа

Сангриата е пијалок многу сличен на нашиот Бунар, но се продава како коктел. Потекнува од Шпанија и содржи вино, сок од портокал и Вињак. Има многу модерни верзии на овој коктел кои содржат бело вино и газирана вода или само вино и овошје.

Но ние ќе споделиме со вас рецепт кој е најпопуларен во Шпанија. Доколку сакате да го направите дома, ќе ви бидат потребни следните состојки. Ова е рецепт за повеќе луѓе.

Потребно

Исечкајте го овошјето и ставете го во посебен голем сад. Во садот сипете го целото вино, а Вињакот и сокот од портокал ќе ги додавате по вкус. Доколку сакате повеќе сок, а помалку Вињак, слободно додадете. Сите имаат различен вкус, така да направете ја Сангриата по ваш мерак.