Кокосовото масло “чист отров”

1606

Професорката др. Karin Michels од Универзитетот Харвард тврди дека кокосовото масло е еден од најлошите прехранбени производи кои можат да се консумираат, и дека е чист отров, пишува news.sky.com.

Michels го претставила претходното тврдење за време на предавањето “Кокосовото масло и други нутриционистички грешки” кое го одржала на престижниот американски универзитет.

Професорката посочува луѓето да не јадат т.н. суперхрана, затоа што добиваме доволно хранливи материи од морковот, црешите и кајсиите.

“Ние се снабдуваме добро и доволно”, рече Michels.

Кокосовото масло стекнало популарност во последните неколку години, бидејќи оние кои се залагаат за здрава исхрана ја истакнале како поздрава опција во однос на другите форми на масти.

Некои луѓе кокосовото масло започнале да го ставаат во кафе и шејкови, додека другите го користат како главен извор на масти за време на печењето. Многу луѓе дури почнале да го даваат и на своите миленици.

Michels не е единствената кој го критикува кокосовото масло. Имено, и други институции предупредиле дека со неговото конзумирање не треба да се претерува. Британската добротворна организација British Heart Foundation, вели дека заради недостатокот на квалитетни истражувања, не е можно да се каже дали кокосово масло за човекот е подобро од другите заситени масти.

BHF тврди дека како маст најдобро е да се користи растителното или сончогледово масло.

Кокосовото масло содржи 86 проценти заситени масти, една третина повеќе од путер кој содржи 52 проценти. Прекумерни количини на заситени масти во исхраната го зголемуваат холестеролот што може да доведе до блокада на артериите и срцевите заболувања.