ЖИВОТ

Кога сопругата на лекарот за рак има рак | Интимна исповед на онколог кој ја “лажел” својата сопруга

By kukuriku

January 14, 2019

Американскиот онколог Питер Б. Бах аа магазинот Њу Јорк напиша трогателна интимна приказна за болеста и заминувањето на својата сакана Рут.

На првото црвено светло на кое застанавме по излегувањето од болницата од жолтиот плик со нетрпение ги извадив ПЕТ скеновите, резултатите на рентгенот и ги кренав према сонцето. Дури и на слабото светло кое допираше низ замаглените прозорци на автомобилот беше доволно да разберам она во што гледам за да дознаам што се случува во телото на мојата жена. А потоа прескршив два брачни завети кои ѝ ги дадов, и тоа најважни од сите: под број еден – почнав да се однесувам како нејзиниот лекар, под број два – почнав да ја лажам.

“Не можам да разберам, не можам да се ориентирам. Ќе треба да почекаме да ги однесеме снимките на твојот онколог”, ја уверував. “Јас сум експерт за белите дробови, а не за читање на овие снимки”, ја мамев, иако ми беше повеќе од јасно. Ракот се проширил насекаде. ПЕТ скеновите не е толку тешко да се прочитаат. Радиоактивните зраци кои минуваат низ телото мерат колку работа вршат различните видови на клетки. А клетките на ракот се многу активни работници. Снимките се како да гледате на земјата од височина ноќе. Кога ракот го нема изгледаат смирени како морска површина. Лошата вест е дека се како центарот на Чикаго или Њујорк.

Рут молчеше. Молчев и јас. Само што јас знаев. А таа не. Или можеби само насетуваше. Мојата жена, мојата Рут, почина осум месеци подоцна.

Навидум нормално

Лекарите во Центарот за лекување на тумори Memorial Sloan Kettering, каде што бев лекар повеќе од 10 години и каде на Рут за прв пат ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред три години, не требаше долго да ги интерпретираат снимките. Седевме на нашиот кауч, секој со својата слушалка од телефон во рака. Онкологот ги користеше сите оние мене добро познати термини – метастази, брза радијација, фокусирање на квалитетот на животот, не излекување.

“Ние можеме да направиме многу повеќе. Можно е да добиете уште многу години”, одговара на прашања кои никој не му ги поставил, за потоа да се враќа на суштината: “Веќе не можеме да ве излечиме. Нашата цел е да го забавиме ракот и да ви дадеме најдобар можен квалитет на животот.” Значи, наскоро ќе умрете.

Гледав како со ноктите поминува преку својота руса коса. Токму тој ден отиде на свеж маникир. Темно црвена. Таа изгледаше еднакво здрава како и во моментот кога прв пат се видовме во балтиморската симфонија, пред 17 години. И подеднакво убава. Но, додека гледав во љубовта на мојот живот, јасно можев да ја видам нејзината иднина. Сите оние луѓе за кои се грижев како лекар. Едните сосема исушени, другите сосема жолти заради откажување на црниот дроб, третите потечени од течноста која им се насобира во екстремитетите, четвртите делирични поради откажување на бубрезите, лековите против болки и метастазите на мозокот. Некои беа толку стари колку и Рут, многумина многу постари. Рут имаше 46. Сега повторно имав тајна која морав да ја сокривам. Каде ќе биде крајот. Како би можел да изгледа. Колку би можела да трпи додека стојам покрај неа беспомошно.

Лекарот уште нѝ кажа да не паничиме, бидејќи во секој случај не може да се излечи, но дека итно треба да оди на операција која ќе спречи клетките на ракот да го дестабилизираат рбетот. Видете, ‘рбетот е како еден куп на оние евтини пластични чипови за покер со мали испакнатини, кои совршено наредени, можат да носат огромна тежина. Но, ако ракот ги нагризе на вистинското место, барем малку, Рут би можела да стане неподвижна или да ја изгуби способноста да го контролира сопственото варење.

“Тоа е како некој со рака да ми копа по утробата. Како мазга да ми скока на ‘рбетот”, так ги опишуваше болките по операцијата. Која беше успешна и го подигна назад во привид на нормален живот. Ракот сè уште беше во неа, но барем беше избришан од најкритичното место. Нејзиниот лекар тогаш одредил хормонална терапија, вообичаен прв чекор за многу жени чиј рак е управуван со естрогенот. Тој беше оптимист – на тие таблети би можел да живее долго време, со години, ако упали.

Продолжува на страна 2

Поинаква насмевка

Се вративме во живот со малите нешта. Плажа. Самрак. Би ги натопиле прстите во водата, некогаш би влегле во океанот до колена. Ова е мантрата на многу луѓе кои се болни, сега стана и наша. Таа имаше и добри денови и лоши денови, тоа не беше важно сѐ додека имало било какви денови. Кога се опорави од операцијата и зрачењето, се врати на работа во банката. На сите, дури и на најблиските пријатели, и понатаму беше истата насмеана, шеговита, глупава и грижлива жена, но дури и од другата страна на собата видов дека насмевката на Рут се променила. Горната усна веќе не беше толку високо како порано. Помалку од еден милиметар, а можеби и половина милиметар, и во таа незабележливо спуштена усна која глумеше насмевка видов дека е во длабока болка, дека во себе ја насетува наредната темнина, согледувајќи дека веќе немаме неброена количина денови пред нас.

Во раната есен лекарот на Ruth нѐ повика да нѝ каже дека туморските маркери се зголемиле по втор пат по ред – ракот расте и лекувањето не го запира. Тогаш беше донесена одлука – ќе престане со хормонални таблети и ќе премине на многу поопасна, токсична хемотерапија. Втора линија на напад. Иако тоа значеше многу повеќе несакани ефекти, немавме избор. Техниката ѝ ја објасни нејзиниот лекар: тупаници апчиња неколку пати на ден. Несаканите ефекти ќе зависат од тоа колку таблети Рут физички ќе може да поднесе. Така дојдовме до нова апстрактна цел – да видиме колку апчиња може да поднесе, а целосно да не пропадне. Тоа би била наша мала победа на патот кон сигурен пораз.

Глумење

Следниот месец Рут влезе во рутина, како голтањето на таблети и мачкањето крем за стопалата, со што се спречува кожна реакција на хемотерапијата, нешто што сите во светот понормално го прави. Таа продолжи да работи, главно поради тоа што во работата всушност уживаше, но, исто така, затоа што беше сигурна дека во спротивно веднаш би умрела. Не го мислеше тоа како хипербола.

Со доаѓањето на ноември Рут почна да копнее. Втората офанзивна линија направи малку, можеби, а можеби и воопшто не го забавуваше ракот. Никогаш нема да знам. Но, таа продолжи да ги внесува тие токсични апчиња, едноставно затоа што немаше ништо друго што би можела да работи. Почнавме помалку да живееме, а многу повеќе да глумиме. Кога пријателите би ја виделе Рут, вешто би го криеле својот шок. Дури би ѝ изразувале комплименти дека нејзиното губење на тежината дури и повеќе ја истакнува убавината на кафените очи.

Тогаш се појави една нова компликација – абдоменална подуеност. Снимките направени кај специјалист ниту овој пат не требаше да се толкуваат – тоа беше приказ на внатрешноста на човек кој умира, со рак кои ги опфатил колковите, кој се сместил зад мочниот меур, покрај бубрезите, и до панкреасот. Поголемиот дел од црниот дроб не беше црн дроб, туку рак.

Продолжува на страна 3

Враќање дома

Сето таа течност се акумулирала во нејзиниот стомак, бидејќи црниот дроб веќе не беше во состојба да ги преработи токсините од крвта. Тогаш почна да зема оксикодон заради болките. И токму тогаш, кога ѝ беше потребен час или два само да излезе од куќата, наместо вообичаените 12 минути, Рут одлучи дека за Денот на благодарноста мора да одиме на одмор на Карибите. Да ги поканиме сите пријатели и семејството. Мојот аргумент дека ќе биде премногу далеку од своите лекари лаконски г отфрли: “А што тоа може да се влоши што веќе не е?” Месец дена подоцна, инаку, отидовме во Париз.

Долу, на Карибите, игравме и одморавме. Еден ден отидовме на доста тешка прошетка, која заврши на една затскриена плажата. Тука, тука ќе го расфрлаш мојата пепел еден ден, одреди. Пловевме, иако моравме двајца да ја подигнеме на бродот. Нуркаше, иако тројца моравме да ја спуштиме во вода. Подоцна истиот ден, ја предводеше роденденската песна за нашиот син и ја исече тортата до морето.

Кога се вративме дома во Њујорк, стомакот отекуваше сѐ повеќе и повеќе. Разви некое морбидно задоволство одговарајќи на прашањата на луѓето носи ли син или ќерка, дека всушност, се работи за ракот.

“Лекарот вели дека е неизлечив,” понекогаш би додала.

Кога би имала премногу акумулирана течноста, и ја извлекуваа надвор. Се обидоа со методот кој им го сугерирав, со вметнување еден метар долг силиконски бајпас, уште една операција која можеше да ја убие. Тоа беше веднаш по Божиќ, и речиси умре. Лекарите влегуваа во собата, одговарале на нејзините прашања, а потоа се повлекувале во ходникот за да дебатираат за вистината. Која јас ја знаев.

Хемотерапијата не функционира, во докторскиот сленг Рут “падна”. Ние одлучивме да одиме дома во време за Нова Година. Бајпасот не помогна. А потоа белките од очите зедоа жолта боја. Седевме во едно кафуле кога го забележав тоа, иако продолжив да зборувам со неа, испратив порака на колега од колеџ: “scleral icterus”. Тој одговори со медицински жаргон: “Во п… матер”.

Не можев тоа да го кријам од неа. “Твоите очи се жолти”, ми се испушти.

Тоа ја затече, ја фати паника.

“Зошто? Што може да се направи во врска со тоа”, праша.

Ме затече со тоа прашање, но, исто така, даде нов издувен вентил, да не треба да објаснувам за тоа дека нејзиниот црн дроб откажува. Не знам, реков, треба да ги прашаме. Уште една лага.

Жолтата боја, прво околу очите, а потоа и на кожата, е како кога на автомобилот ќе запали сијалица за проверка на моторот. Жолтата боја сама по себе не е битна, но значи дека внатре се случуваат ужасни нешта. Дека наскоро мозокот ќе биде совладан од отрови, кои црниот дроб порано би го исчистил без проблем. Се ближеше нејзиниот крај.

Продолжува на страна 4

Разговор со синот

Неколку дена подоцна таа мораше да оди итно на лекар. Сосема дехидрираше, но наместо течноста да ја крене, таа беше во дилириум. Лекарот не се одделуваше од неа во тие ужасни шест часа. Некако успеав да ја одведам дома. Следното утро го носев кучето на прошетка и, чувствувајќи се како прељубник кој ја повикува љубовницата, се јавив на докторот на Рут.

“Не можам да ѝ дадам хемотерапија, премногу е болна. Не можам. Тоа би ја убило”, рече то.

“Знам”.

“Добро, му благодарам на Бога дека разбираш.”

Отидовме до него следниот ден. Таа беше премногу слаба за да излезе од инвалидската количка до масата за преглед. Докторот се дотркала до неа и рече дека е подобро да почекаат уште неколку дена со хемотерапијата. Би можело да се каже дека и тоа беше лага, но попрво би рекол дека тоа беше финта, индикација на можноста која не е возможна, дека ќе се појави надеж, можеби во форма на чудотворен лек кој ќе падне од небото ако работите се поклопат како што треба. Седев таму, како конспиратор во таа нова лага.

Овој пат, Рут не дозволи да биде измамена.

“Како ќе умрам? Дали тоа ќе боли? Ќе се сеќава ли на мене мојот син”, лесно качена во инвалидската количка, колку што можеше, редеше прашања кои никој не би требало да ги праша.

Таа сабота нашата куќа беше полна со пријатели. Рут го мина денот на каучот, а во вечерните часови на нашиот син му рече дека докторите не можеле да ја излечат, и дека ќе умре. Идека тој ќе биде во ред. И дека јас ќе бидам добро. Таа му кажа каде секогаш може да оди за да биде со неа и дека таа секогаш ќе биде со него, секогаш и секаде.

Продолжува на страна 5

Фантомска болка

Во неделата заспала. Во неделата вечер ја држев во рацете и ѝ реков дека е во ред да отиде. Во понеделник почина во моите раце. Нејзините последни зборови беа: “Те сакам.”

Никаков дух не се издигна од нејзиното тело. Никакво етерично фосфоресцентно лице. Откако ја зедоа, се потпрев на мојата страна од креветот, веднаш до напуштениот простор кој таа го заземаше, мојата жена пред неколку часа и низ многу години. Ќебето се спушташе надолу кон подот, чаршавите беа малку изгужвани, како туку што да станала од креветот, како и секое утро.

Недели поминуваа. Потоа и месеци. Јас не се сеќавам на многу нешта.

Имаше денови кога бев целосно парализиран. И оние кога почувствував бизарна асоцијална еуфорија. Често размислував за тоа што ми рече пријателката која го изгубила својот сопруг од меланом, “Имам многу луѓе со кои можам да правам сешто, но немам никој со кого можам да не правам ништо.”

Излегува дека Холивуд испраќа сосема погрешна слика за загубата и тагата. Бранови и напади на тага не доаѓаат во предвидливи интервали и интензитети. Не се годишнините тоа што нè потсетуваат на она што сте го изгубиле, ниту спомените на некој друг, ниту одењето во ресторан кој сте го сакале. Ве погодува во продавницата, додека поминувате во близина на салати и се сеќавате дека вашата сопруга правела Цезар салатата со лепчиња премачкани со лук, бидејќи тоа беше единствената салата која сте се согласиле дека ќе ја јадете. Или кога ќе наидете на реприза на некоја серија која заедно сте ја гледале на некое лудо зимско попладне со години порано, попладневните часови кои сте ги поминувале заедно. Тоа не е цимолење, кршење раце, плачење од жал и тага. Тоа е повеќе како болка на фантомска нога. Чеша, прободува, иако ја нема, а сѐ што сакаш е никогаш да не ја напушти земјата.