Кога денот започнува … Во сеќавање на “Ќелавата пејачка“

1758

Кога денот започнува се обидувам да си се вратам во нешто што се нарекува секојдневие.

Тоа па сѐ потешко ми оди, сѐ помалку убави работи за кои вреди да се разбудиш и почнеш нов ден. Што е тоа што се случува? Исчезнува ли добрината на овој свет или јас повеќе не можам да ја препознам среќата?

Сите бараат од мене жртва. Никој ѝ не помислува да врати нешто од тоа, чисто онака, да можам повторно да почнам.

Вака, од што да зготвам нов ден, нова авантура, од што?! Можеби од недоразбирањата или чевековата себичност? Е не оди тоа така. Иронично е и тешко е да се свари, а помош од никаде.

Се обидував јас, не дека не сум. Тоа можете да ми го префрлите. Но набргу ќе се покаже како не сериозна работа во време кога се учиме да бидеме буржоазија или она другоно, не дај Боже, пролетеријат.

“Ќелавата пејачка“

Да си посветиш малку внимание денеска тоа ти изгледа како да си се мрднал. A умот постојано некаде бега. Не можам да го фатам и да му кажам дека постојам, да ме разбере и понекогаш да ме израдува. Залудно. Останува само тоа утринско кафе, без разлика како се нарекува (кафе, кафа, кава ) во “Ќелавата пејачка“, како кратки мигови на уживање .

11 јануари 2014, “Ќелавата пејачка“, Скопје