ЗДРАВА ХРАНА

Клучни придобивки од јогуртот

By kukuriku

June 18, 2021

Јогуртот отсекогаш бил сметан за здрава храна и поради оваа причина е присутен во секојдневното мени на голем процент луѓе.

Во оваа статија ќе ги разгледаме најголемите придобивки од консумацијата на овој густ и вкусен млечен производ.

Здрави коски

Една чаша јогурт може да ви ги задоволо дневните потреби за калциум и витамин Д, коишто се од суштинско значење за одржување здрави коски. Калциумот, исто така, помага за одржување на коскената густина и ги зајакнува коските преку целиот живот. Се смета дека го намалува ризикот од коскени заболувања како остеопороза.

Лесен е за варење

Луѓето кои страдаат од нетолеранција на лактоза поради некоја алергија, можат спокојно да ги искористат предностите на јогуртот, бидејќи полесно се апсорбира од свежото млеко.

Содржи добри бактерии

Јогурт содржи пробиотици – корисни микроорганизми кои живеат во вашиот дигестивниот тракт и помагаат за отстранување на сите штетни микроорганизми, кои можат да предизвикаат гастроинтестинални и дигестивни проблеми. Овие пробиотици помагаат за балансирано варење и одржување на имунолошкиот систем.

Помага за намалување на високиот крвен притисок

Јогурт е богат не само со калциум туку и со калиум. Ова помага за намалување на крвниот притисок.

Корисно е за кожата

Јогуртот ќе ви помогне да уживате во чиста и мазна кожа. Млечната киселина делува како пилинг, кој помага да се ослободите од мртвите клетки. Можете, исто така, да користите јогурт како маска за кожата.

Богата е со витамини

Една чаша јогурт може да обезбеди различни хранливи материи како калиум, фосфор, витамин B5, цинк, јод и рибофлавин. Тој е богато и со витамин B12, кој е потребен за црвените крвни клетки и нормалното функционирање на нервниот систем.

Го стимулира имунитетот

Конзумирањето на јогурт секој ден, може да ви помогне да за го подобрите имунитетот. Пробиотиците помагаат за стимулирање на белите крвни зрнца, кои се борат против инфекции во крвотокот.

Ја намалува појавата на габични инфекции

Истражувањата покажуваат декапиењето јогурт го намалува ризикот од вагинални инфекции.

Го подобрува здравјето на цревата

Активните микроорганизими помагаат за олеснување на некои гастроинтестинални проблеми како интолеранција на лактоза, запек и дијареа.

Помага да слабеете

Земањето на калциум преку јогуртот му помага на организмот да ги користи наталожените маснотии. На овој начин слабеењето станува многу полесно.