Клиниката за хематологија | Братот донира коскена срцевина за својата 15 годишна сестра

333

Од Клиниката за хематологија соопштија дека уште едно момче донираше коскена срцевина за својата 15 годишна сестра.

– Уште еден херој, уште едно момче за пофалба, кое донираше колекција на коскена срцевина за својата 15 годишна сестра која боледува од апластична анемија.

Тимот на ЈЗУ Клиника за хематологија ја изврши колекцијата на срцева коскевина на Клиниката за детска хирургија, а трансплантација ќе се изврши на Клиниката за хематологија во Скопје.

И посакуваме успешна трансплантација на пациентката и брзо заздравување на донаторот!Биди срцевина, биди херој, соопштија од Клиника за хематологија.